НБАСакраменто по пауза од 17 години избори учество во НБА плејофотЕкипата на Сакраменто кингс обезбеди место во разигрување за титулата откако ноќеска го победи Портланд со 120:80.„Кралевите“ ќе влезат во плејофот на НБА-лигата за прв пат од 2006 година. Пред 17 години Сакраменто во осминафиналето беше елиминиран од Сан Антонио со 4:2. Тимот не играше во плеј-офот 16 сезони по ред и тоа е негативен рекорд меѓу сите големи лиги во Северна Америка. По 76 натпревари Сакраменто е трет во Западната конференција на најсилната кошаркарска лига во светот со биланс 46 победи и 30 порази. Од Западот плејоф имаат изборено уште Денвер Нагетс и Мемфис гризлис. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државатаМладите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата. Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството. Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања. Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите. Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите! Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и ЖерновскиНародот вели: една фотографија –илјада зборови.А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста во Битола, насловена „Силно светнал ден“. Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев. Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДС, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата. Филипче доби уште една порака од народот. Ова не е прослава ниту на СДС, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прослава им припаѓа на граѓаните. А народот ја испрати својата порака. Пораката е во продолжение – на фотографиите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter