Сакеларопулу и Ердоган изразија волја за подобрување и продлабочување на грчко- турските односи - Канал 5

Сакеларопулу и Ердоган изразија волја за подобрување и продлабочување на грчко- турските односи

Турскиот претседател денеска е во Атина за петтиот Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, утрово беше примен од грчката претседателка и ќе се сретна со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. 

Сакеларопулу и Ердоган изразија волја за подобрување и продлабочување на грчко- турските односи

Верувам дека овој петти состанок на Високиот совет за соработка ќе биде можност за започнување нова ера во односите меѓу Грција и Турција, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која истакна дека потребно е продлабочување на соработката и избегнување на тензии во билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина.

Турскиот претседател денеска е во Атина за петтиот Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, утрово беше примен од грчката претседателка и ќе се сретна со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

На средбата со Сакеларопулу, Ердоган рече дека целта е обемот на трговската размена, од 5,5 милијарди долари да се зголеми на десет и истакна дека со Грција ќе разговараат за следните чекори во сите области, а министрите ќи стават потребите потписи.

-Верувам дека ќе биде најдобро за иднината и на двете страни да разговараме гледајќи ја чашата половина полна, порача Ердоган.

Грчката претседателка истакна дека подобрувањето на билатералните односите ќе биде во корист и на двете земји, но и на поширокиот регион.

-Ако го земеме предвид она што се случува околу нас, неопходно е, можеби повеќе од кога било, Грција и Турција да работат заедно за да го зајакнат просперитетот, да го зачуваат мирот, стабилноста и почитувањето на меѓународното право, како и да промовираат добрососедски односи, во корист и на нашите народи и на поширокиот регион, потенцираше Сакеларопулу.

На состанокот на Високиот совет за соработка,се очекува да бидат потпишани меморандуми за соработка, а во вчерашното интервју за весникот „Катимерини“, турскиот претседател најави потпишување на Декларација за пријателски односи и добрососедство.

Атина денеска е под драконски безбедносни мерки поради посетата на Ердоган, ангажирани се најмалку три илјади полицајци, а во централниот дел на грчката метропола, со одлуката на полицијата постои забрана за било какви собири и протести.

Турскиот претседател последен пат во Атина беше пред точно шест години, одосно на ист датум, на 7 декември оствари официјална посета на Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор

Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор, при утврдувањето се води сметка за почитувањето на човековите права ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”

 Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми.

ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”

„ Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми. Во исто време, веруваме дека кредибилитетот на процесот на проширување најдобро се зајакнува кога секоја земја кандидат се оценува врз основа на сопствениот напредок и исполнувањето на заеднички договорените европски стандарди. Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес. Тоа е темел за создавање европска држава и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите. Истовремено, свесни сме дека пред нас останува значајна работа и сериозни предизвици. Нашиот фокус во наредниот период ќе биде јасен: подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати“, истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде, покрај за нашата земја, се разговараше за напредокот на полето на владеење на правото и во Албанија, Црна Гора и Србија.

Истакнувајќи ја посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, Трајков потенцираше дека во изминатиот период се направени значајни чекори во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

„Нашиот пристап е јасен – реформите не ги спроведуваме само заради исполнување на формални критериуми, туку пред сè заради нашите граѓани, со цел да обезбедиме стабилна, просперитетна и европска иднина. Во областа на правосудството, продолживме со спроведување на реформите насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и обвинителството. Во оваа насока, презедовме и законодавни и институционални чекори за унапредување на правосудниот систем и негово понатамошно усогласување со европските стандарди“, рече заменик-министерката Трајков, додавајќи дека целта е натамошно јакнење на институционалните капацитети, човечките ресурси и условите за независно и ефикасно функционирање на правосудните институции.

Говорејќи за борбата против корупцијата, таа нагласи дека се продолжило во насока на зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со посебен фокус на транспарентноста, интегритетот и отчетноста на јавните институции и дека Новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 претставува значаен чекор во оваа насока.

„Донесовме и унапредивме законски решенија со цел да се зајакне системот за превенција и борба против корупцијата и да се создадат поефикасни механизми за постапување во случаи на организиран криминал и корупција. Воедно, спроведуваме реформи во казнената политика со цел поефикасно откривање, процесуирање и санкционирање на овие кривични дела, во согласност со европските стандарди“, истакна Трајков.

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков се осврна и на пристапниот процес, оценувајќи дека тој треба да продолжи да се темели на јасни, објективни и предвидливи критериуми.

„Добрососедските односи и отворениот дијалог се суштински дел од европскиот проект и ние остануваме посветени на нивното унапредување. Сметаме дека отворените прашања најдобро се решаваат преку дијалог, взаемно почитување и европски дух. Веруваме дека токму таквиот пристап ја прави политиката на проширување посилна и покредибилна и испраќа јасна порака дека реформите, постигнатите резултати и исполнувањето на европските стандарди се основата на патот кон членството во Европската Унија“, заклучи заменик-министерката за европски прашања Трајков на крајот од своето обраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот Балкански трговски центар започнува стратешка соработка со Трговската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски.

Американскиот Балкански трговски центар започнува стратешка соработка со Трговската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови можности меѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион.

Договорот за партнерство беше потпишан во понеделник попладне, со што AБTC се приклучи на деловната мрежа на Стопанската комора на Илиноис низ целата држава. Партнерството отвора врата за поголема соработка, проширени деловни врски и дополнителни ресурси за Балканско-Американските претприемачи и бизниси низ целиот Илиноис и Америка.

Комората на Илиноис ја поздрави AБTC како организација фокусирана на градење силни односи, создавање деловни можности и зајакнување на врските меѓу Американските и Балканските заедници.

„Ви благодариме што го градевте Вашиот живот и бизнис овде во Илиноис. Тука сме да ви помогнеме и да работиме заедно за да го изградиме Американскиот сон за кој работевте толку напорно“, рече Џими Клејтон, извршен директор на Трговската комора на Илиноис.

„Лично сакам да им се заблагодарам на Ник и на неговите партнери што станаа партнери на Комората на Илиноис уште од првиот ден. Ова е инзвонредно партнерство и можете да видите колку Ник се грижи за луѓето со кои работи и за партнерите околу него“, додаде Клејтон.

За AБTC, ова стратешко партнерство претставува важна можност за проширување на својата работа и создавање посилни економски врски меѓу Балканските бизниси и Американската бизнис заедница.

„Ова е голем ден за Американскиот Балкански трговски центар. Ова е уште еден чекор кон градење иднина за луѓето од Балканот тука во Америка“, рече Никола „Ник“ Андреевски, еден од основачите на AБTC.

„Тоа значи дека можеме да обезбедиме поголема поддршка, да создадеме повеќе можности и да изградиме моќни, долгорочни економски врски за Балканските бизниси тука во Америка како и за Американските бизниси, додаде Андреевски.

Трговската комора на Илиноис е независен глас на бизнисите во Илиноис, застапувајќи политики дизајнирани да поттикнат конкурентна деловна клима низ секторите низ целата држава. Нејзината агенда се фокусира на економски раст, развој на бизнисот и зајакнување на Илиноис како место за градење и раст на бизниси.

Американскиот Балкански трговски центар (AБTC) е непрофитна организација со претставништва во Чикаго, Илиноис, Мајами, Флорида и Њујорк, но е распространет низ цела Америка. AБTC е посветен на градење мост помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканските земји преку создавање значајни врски, зајакнување на професионалните мрежи и поттикнување можности за соработка помеѓу Американските и Балканските заедници.

На церемонијата на потпишување присуствуваа Џими Клејтон , извршен директор на Стопанската комора на Илиноис; Лаура Ортега-Ламела , заменик директор на Стопанската комора на Илиноис; Никола ,,Ник" Андреевски , основач на AБTC; Лука Јовановиќ , основач на AБTC; Бобан Попевски , основач и претседател на AБTC; Филип Миливојевиќ , основач на AБTC; Адриан Муравски , член на Советодавниот одбор на AБTC; и Филип Јотевски , извршен директор на AБTC.

Новото партнерство претставува уште еден чекор напред за AБTC, бидејќи работи на поврзување на бизнисите, претприемачите и заедниците и градење посилни, долгорочни економски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Балканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер