Сакате ли домати? Една група луѓе би требало да го избегнува, а еве и зошто! (фото) - Канал 5

Сакате ли домати? Една група луѓе би требало да го избегнува, а еве и зошто! (фото)

Иако се богати со многу хранливи состојки, доматите може да влијаат на покачувањето на нивото на мочна киселина и други болести.

Сакате ли домати? Една група луѓе би требало да го избегнува, а еве и зошто! (фото)

Доматите се исклучително хранливи и обилуваат со многу витамини и минерали. Според некои истражувања, тие би можеле да го покачат нивото на мочна киселина и да ја влошат состојбата на пациентите што боледуваат од гихт.

Гихтот претставува облик на артритис што предизвикува болки кога високите нивоа на мочна киселина ќе почнат да се кристализираат и да се таложат околу зглобовите, а за тоа придонесува консумирањето на одредена храна, пренесува „verywellhealth.com“.

Органските соедниненија пурини се произведуваат во телото, а ги има во одредени видови храна, тие играат важна улога во синтезата на ДНК и РНК. Овие соедниненија за време на варењето се разложуваат, а како краен производ се создава мочна киселина. Вишокот од оваа мочна киселина во телото предизвикува гихт и камења во бубрезите. Затоа, на пациентите со артритис им се советува да го ограничат внесот на храна што содржи висок процент на пурини, како што се месо, одредени риби или алкохол и слатки пијалоци. 10% од ова заболување се должи на исхраната, додека повеќето случаи се поврзани со генетските предиспозиции, дебелината и инсулинската резистенција. Иако се тврди дека пурините не се присутни во големи количини во доматите, некои неодамнешни студии сугерираат дека тие може да го зголемат ризикот од појавата на гихт кај некои луѓе.

Истражувањата покажаа дека консумирањето домати пред оброк може да ја намали телесната тежина и холестеролот, како и нивото на шеќер во крвта, па дури и нивото на мочна киселина во крвта. Бидејќи овој зеленчук е богат со витамин Ц за кој се смета дека помага при спречување на воспаление. Исто така, доматите се богати со антиоксиданси и го намалуваат холестеролот.

Бидејќи гихтот е воспалителна состојба, се верува дека намалувањето на воспалението автоматски го намалува ризикот од гихт, што значи дека доматите го намалуваат, а не го зголемуваат ризикот од ова заболување.

Од друга страна, многу луѓе веруваат дека доматите се одговорни за појавата на гихт. Иако доказите за ова се мали, овој зеленчук содржи два потенцијални предизвикувачи како што се фенолната киселина и глутаматот.

Иако нивното присуство во доматите е мало, можно е некои луѓе кои имаат гихт да се чувствителни на нив.

Најдобар начин да проверите дали доматите ја влошуваат вашата состојба е да ги отстраните од исхраната сите производи што содржат домати и да видите дали симптомите се подобруваат по неколку недели. Ако верувате дека овој зеленчук ја влошува вашата состојба на зглобовите, избегнувајте концентрирани производи, кечап, сосови за скара и сосови за тестенини на база на домати. Во тој случај, користете други видови зеленчук и овошје кои содржат витамин Ц, како што се зелката, црвените пиперки, цвеклото, мандарините, грејпфрутот и црешите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Делегацијата на Европската унија во Македонија изразува сериозна загриженост во врска со алармантниот број на фемициди, односно убиства на жени, пријавени само оваа година во земјава – вкупно седум регистрирани случаи.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Од делегацијата велат дека извештајот на Европската комисија за земјава за 2026 година нотира дека постојат недостатоци во пријавувањето, истрагата и гонењето што укажува на потребата од зајакната имплементација, одржливо финансирање, подобри институционални капацитети и ефикасни мерки за заштита.

Оттаму потсетуваат дека националното законодавство сè уште не е целосно усогласено со директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Делегацијата на ЕУ ги повикува сите чинители да ги адресираат проблемите и да спречат натамошни фемициди, вклучително и преку овозможување пристап до правда и зајакната институционална поддршка за жртвите на семејно насилство, се вели во нивното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите

Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители.

Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите

Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители, се вреднуваат успесите и талентите на учениците и се воспоставуваат повисоки стандарди за одговорност, отчетност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа.

На предлог на градоначалникот Дејан Митески, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница изгласа зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом, од досегашните 35 на 40 години.

Сите млади до 40 години што ги исполнуваат условите ќе можат да остварат целосно ослободување од комуналии, согласно и со мерката на Град Скопје. Другите услови остануваат непроменети и се однесуваат на жителството во Општина Аеродром од најмалку две години, изградба на прв дом за лични станбени потреби и обврска за живеење во него најмалку десет години.

Советот донесе и одлука за доделување еднократни парични награди за учениците од VII до IX одделение во општинските основни училишта кои постигнале посебни успеси во науката и технологијата, уметноста и литературата, спортот, како и за учениците со посебни образовни потреби кои покажале исклучителен инклузивен напредок. Право на награда ќе имаат учениците кои ги исполнуваат утврдените услови што ќе бидат објавени навремено во јавен повик. Постигнувањата треба да бидат остварени во тековната или претходната учебна година.

За првпат, Општина Аеродром донесе и Кодекс со кој се утврдуваат јасни правила и стандарди за однесување и работење на градоначалникот, претседателот и членовите на Советот, како и на другите носители на јавни функции во Општината. Кодексот ги утврдува принципите на законитост, професионален интегритет, одговорност, отчетност, транспарентност и заштита на јавниот интерес, со цел зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

Со донесените одлуки, Општина Аеродром продолжува со спроведување конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот, поддршка на младите и препознавање на потенцијалот на децата, паралелно со унапредување на стандардите за одговорно и транспарентно институционално работење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога

Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“.

Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран.

Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план.

Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка.

Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта.

Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки.

За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот.

Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег.

Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект.

Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран.

Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата.

Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи.

Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер