Сакала дома да однесе ручек во тенџере, го уништила автомобилот (ВИДЕО) - Канал 5

Сакала дома да однесе ручек во тенџере, го уништила автомобилот (ВИДЕО)

Тиктокерка од САД објави снимка од хаосот во нејзиниот авомобил, кога ѝ се превртело тенџере полно со манџа.

Сакала дома да однесе ручек во тенџере, го уништила автомобилот (ВИДЕО)

Нема ништо послатко од тоа кога мама или баба ви спакуваат ручек во тенџере.

Исто така, нема ништо полошо од истурање на истиот ручек низ целиот автомобил.

Токму тоа ѝ се случи на девојката од клипот.

Имено, таа го снимила целосниот хаос кој настанал откако тенџерето со храна се истурило на седиштата, подот, воланот,...

@grandmaharger I will share this misfortune on all my social medias its too good not share #fyp #clumsy #mondaymood ♬ Emily spilt the beans - Em

Видеото е погледано над 5,4 милиони пати и има илјадници коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата.

Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски.

Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат.

Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.

Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка.

Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист.

Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место.

Фактите победија, лагите паднаа.

А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат.

Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер