Сакал да се покаже со новото Ламборџини, па се забил во ѕид (ВИДЕО) - Канал 5

Сакал да се покаже со новото Ламборџини, па се забил во ѕид (ВИДЕО)

Кога возачката вештина и бројот на коњи под хаубата се во нерамнотежа, ги имаме сите услови за несреќа.

Сакал да се покаже со новото Ламборџини, па се забил во ѕид (ВИДЕО)

Само му недостига малку адреналин и желба за покажување, исто како што имаше овој возач.

Видеото го овековечи моментот кога полски возач на Ламборџини врти на авенијата во Варшава. Со вртењето на моторот, тој го најавува своето помпезно пристигнување на главната улица, кој момент подоцна ќе заврши со фијаско.

Како што често се случува, возачот му дал премногу гас на V10 моторот на Lamborghini и Huracan излегол надвор од контрола.

Секако, тогаш паниката си го направила своето, па секој обид да се исправи автомобилот пропаднал. Автомобилот завршил во ѕид со значително оштетување на возилото. Добро од несреќата е што немало други учесници во сообраќајот, а брзината била релативно мала.

Иако сопственикот платил минимална казна од само 200 полски злоти или помалку од 50 евра, цената на поправката сигурно нема да биде евтина. Тоа секако е заклучокот на сите минувачи кои во тоа време случајно се нашле на булеварот Емилија Платер во Варшава и со своите мобилни телефони го снимиле доаѓањето на Ламборџини-то.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Се обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел.

Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“.

Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“.

Според изворите, друг ученик го спречил нападот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош.

Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на

Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите.

Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации.

Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“.

Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници.

Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот.

Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот.

Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации.

Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер