Сакал да ја прослави победата со нокаут , па направил најголема глупост (ВИДЕО) - Канал 5

Сакал да ја прослави победата со нокаут , па направил најголема глупост (ВИДЕО)

Британскиот борач Џек Калшоу долго ќе ја памети победата над Зак Едвардс во градот Јорк.

Сакал да ја прослави победата со нокаут , па направил најголема глупост (ВИДЕО)

Калшоу го победил Едвардс со нокаут и победата сакал да ја прослави на атрактивен начин . Во жарот на победата , тој се качи на оградата , за потоа да падне и ги повреди двете нозе , по што се откажани сите негови натпревари.

Од падот добил сериозни повреди на колената и скинати лигаменти на двете нозе.

,,Веднаш почуствував дека ми падна пателата од коленото. Но , не сакав да се види дека имам болки и направив колут напред. Но , кога застанав , знаев дека нешто сериозно не е во ред. “ вели 21 годишниот ММА борач.

Тој се надева дека наскоро ќе се врати на теренот , иако неговиот тренер Нил Веин не смета на него оваа сезона. Британските медиуми прославата на Калшоу ја прогласија за глупост на месецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коњановски: Цел свет на едно место, фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“

САД- Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и секако од земјата домаќин Македонија, беа дел од годинашното издание на „Илинденски денови“.

Коњановски: Цел свет на едно место, фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и оваа година организираше прием, односно фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“, кои изминативе недели ја разиграа Битола и ја обоија во боите на фолклорот.

Неговиот кабинет беше претесен за домашните и странските гости кои ги пренесоа своите позитивни импресии од фестивалот, организацијата, гостопримството на градот, од убавините на Битола со своите културни и историски посебности.

Градоначалникот Коњановски на средбата истакна дека во овој период Битола, посебно е разубавена, а светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Ова пак истовремено значи и светска промоција на градот, кој го има овој фестивал и повеќе од половина век ја негува традицијата, но и ги отвара ширум своите врати за традициите во фолклорот на други народи.

Добрата соработка за градење силни културно – уметнички врски беше повод и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали во знак на сеќавање на изданието на фестивалот кое беше едно од најдолгите во својата историја со голем број учесници, како домашни така и странски од различни делови на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти

Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти

Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство.

За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети.

Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите.

Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата.

Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ули Хенес за ѕвезда на Баерн: И кинескиот цар да дојде не преговараме за негова продажба!

Почесниот претседател на Баерн,  легендарниот Ули Хенес  реагираше на шпекулациите во медиумите за иднината на француската ѕвезда Мајкл Олисе и ја отфрли можноста за негов трансфер во Реал Мадрид.

Ули Хенес за ѕвезда на Баерн: И кинескиот цар да дојде не преговараме за негова продажба!

„Добро се изнасмеав кога ги слушнав тие гласини. На Олисе му преостануваат уште три години од договорот, така што за мене тука нема што да се дискутира“, изјави Хенес.

„Дури и кинескиот император да се јавеше, немаше да седнеме да преговараме за Олисе“, додаде Хенес за францускиот напаѓач, кој може да игра на крилните позиции или како „десетка“.

24 годишниот Олисе беше најдобриот асистент на Светското првенство со седум асистенции, додека минатата сезона забележа 22 гола и 31 асистенција за Баерн.

„Трансфермаркт“ (Transfermarkt) ја проценува неговата вредност на 170 милиони евра. Се зборуваше дека Реал би можел да понуди дури 200 милиони евра за Олисе, со што тој би станал вториот најскап фудбалер во историјата. Сепак, се чини дека од тоа нема да излезе ништо.

Истиот став важи и за колумбискиот напаѓач Луис Дијаз (29). Хенес нагласи дека клубот нема намера да продава ниту еден од своите клучни офанзивни играчи. „Го имаме најдоброто напаѓачко трио во светот: Олисе, Луис Дијаз и Хари Кејн. Не ни паѓа на памет да продадеме кој било од нив“, изјави Хенес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер