Сака: Фудбалерите на Арсенал видоа што се случува на социјалните мрежи пред натпреварот со Реал - Канал 5

Сака: Фудбалерите на Арсенал видоа што се случува на социјалните мрежи пред натпреварот со Реал

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака се осврна на победата над Реал Мадрид синоќа со 2:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Сака: Фудбалерите на Арсенал видоа што се случува на социјалните мрежи пред натпреварот со Реал

- Видовме што се случуваше на социјалните мрежи. Сите велеа дека Реал ќе се врати... но ние можевме да го покажеме нашиот менталитет. Имаме со многу што да се гордееме, изјави Сака за „CBS“.

Арсенал се пласираше во полуфиналето каде ќе се соочи со Пари Сен-Жермен.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка ќе се игра во Лондон на 29 април, а реваншот во Париз на 6 мај. /МИА

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат.

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера наутро.

Таму ги пречекаа голем број граѓани кои ја поминаа ноќта блокирајќи го влезот во зградата.

На повик на студентите во блокада граѓаните останаа во блокадата на зградата во текот на целата ноќ, дежурни во смени.

Зградата каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата е блокирана бидејќи активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и неформалната студентска организација СТАВ се притворени до 30 дена.

Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, по продолжувањето на притворот по третпат, почна штрајк со глад, а вчера беше префрлена во болницата во Централниот затвор во Белград во тешка состојба.

Блокадата на судот и обвинителството продолжи со барањето за ослободување на сите притворени лица.

Граѓаните се повикани денеска да ја блокираат зградата и да не им дозволат на вработените да влезат во неа, откако вчера, со помош на полицискиот кордон, прво влегоа, а потоа си заминаа од работа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

- САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио.

Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во палестинската енклава.

- Мислиме дека со елиминација на Хамас ќе се постигне мир. Вознемирени сме поради хуманитарната ситуација, посочи Рубио.

Рубио се осврна и на Хуманитарната фондација за Газа, која е поддржана од САД и Израел и треба да почне да работи до крајот на месецот.

Фондацијата би овозможила луѓето да добијат хуманитарна помош, а Хамас да не ја украде. Ќе продолжиме конструктивно и продуктивно да работиме на, посочи Рубио.

Обединети нации вчера соопштија дека нема да учествуваат во хуманитарната операција во Појасот Газа, поддржана од САД, бидејќи не е непристрасна, неутрална или независна. Додека Израел вети дека ќе ја олесни дистрибуцијата без да учествува во испораката на помош. /МИА

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика.

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од 900 квадратни метри, а поставени се и нови рабници од двете страни на улицата.

„Во моментов сме на терен, каде интензивно се изведува реконструкција на улицата ,,Дебарца”. Очекуваме работите целосно да завршат до крајот на месецот, согласно планираната динамика", порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Aктивностите се дел од пошироката реконструкција на улицата „Дебарца“, на потегот од улицата „Ленинова“ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Станува збор за целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри.

Овој дел од улицата беше во многу лоша состојба, со сериозни оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

,,Со реконструкцијата, ја подобруваме безбедноста и условите за движење, но даваме и нов, поуреден изглед на просторот“, посочи Герасимовски.

Оваа интервенција се реализира во рамки на инвестиција вредна 40 милиони денари, обезбедена од претходната Влада, со намена за обнова на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“.

Со почит,

Општина Центар

притисни ентер