Сајкоски: Време е Струга да добие надеж за подобра иднина, развој и пораз на криминалот и корупцијата - Канал 5

Сајкоски: Време е Струга да добие надеж за подобра иднина, развој и пораз на криминалот и корупцијата

На денешниот митинг во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека со преземањето на одговорноста да ја води Владата, ВМРО-ДПМНЕ покажа како за кратко време, односно за година и половина може да се направат многу проекти.

Сајкоски: Време е Струга да добие надеж за подобра иднина, развој и пораз на криминалот и корупцијата

Сајкоски порача дека од новите советници на Општина Струга, како и од стружани кои се директните учесници во извршната власт се очекува да испорачаат проекти кои во градот ќе го направат услови за подостоинствено живеење кои го подобрат квалитетот на животот.

Додаде дека време е Струга да добие надеж за подобра иднина, надеж за развој, надеж за пораз на криминалот и корупцијата.

„Долго време Струга е во рацете на луѓе коишто немаат чувство ни за своите, ни за туѓите. Во рацете на оние коишто се борат само за себе, но за да ги поништат сите други, во рацете на оние коишто тонат во криминал и коишто направија огромна штета и за Струга и за сите општини со кои раководат тие. ДУИ направи штета и за своите, и за Албанците, и за Македонците, Турците, Ромите и другите граѓани и во Струга и во другите региони“, истакна Сајкоски.

Затоа, Сајкоски ги повика сите стружани на овие локални избори да направат референдумско гласање во Струга и со тоа да се поразат сите политички чинители и да се даде нова надеж на градот, за Струга да биде подостоинствен град и да се гради со поддршка од централната власт.

Сајкоски посочи дека изминатите години Струга беше препознаена по неработење и криминал, но заеднички, со гласање за број 9, Струга ќе стане туристичко место кое ќе сакаме да го посетуваме сите граѓани од Македонија, како и посакувана туристичка дестинација и за граѓаните од регионот. Сајкоски заклучи дека токму затоа е време за Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето Место! За твојата иднина!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер