2Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаСаит Саитов уапсен во Белград откако прегази жена во Скопје и избега - одреден му е екстрадициски притворПо еден месец бегство, вчера во Белград е уапсен осумнаесетгодишниот Саит Саитов, кој на 9-ти јануари ја усмрти 75-годишна жена во скопски Капиштец, а по него беше распишана меѓународна потерница.18-годишниот Саит Ситов на почетокот на минатиот месец на улицата „Народен Фронт“ ја прегази Љуба Јаковлеска. Подоцна таа им подлегна на повредите, а тој избега од државата Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден добиле известување од надлежните служби од Србија дека Саитов бил лишен од слобода во српската престолнина. Оттаму додаваат дека на Саитов му е одреден екстрадициски притвор и дека следува постапка помеѓу Министерствата за правда на двете држави за негова екстрадиција во Македонија, каде што треба да биде изведен пред надлежните правосудни органи. Од Министерството за правда од земјава велат дека само се чекаат списите за екстрадиција од обвинителството, по што ќе побараат негова испорака во Македонија. -Известено е Јавното Обвинителство на Република Македонија да подготват и достават списи за екстрадиција на лицето. Откако ќе ги добиеме списите од обвинителството, Министерството за правда ќе изготви барање за екстрадиција кое ќе биде пратено во Република Србија, велат од ресорното министерство,- Министерство за правда. Инаку, по несреќата, Саитов, заедно со неговиот татко, наместо да помогнат на оштетената, се дале во бегство. Тој сега се товари за тешки дела против безбедноста и за неукажување помош. За случајот, обвинети се уште две лица, маж и жена, кои ги изнеле од државава. Двајцата соизвршители се товарат за кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 од Кривичниот законик, иако нивниот адвокат, Звонко Давидовиќ вели дека тие воопшто не знаеле дека Саитов е сторител на тешко кривично дело со смртни последици. - Помагачите на Саитов не знаеле дека е бегалец, оделе во Србија да купат лекови за нивното дете, изјави, Звонко Давидовиќ – адвокат Инаку, во моментот на несреќата, 18-годишникот возел непрописно и без важечка возачка дозвола. Додека го возел „пасатот“ на неговиот татко по улицата „Народен фронт“ во Скопје, Саитов непрописно се поместил во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента и се движел со неприспособена брзина, по што удрил во 75-годишната Јаковлеска, која се движела пеш и која подоцна почина во болница. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско житоУнгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“. Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји. Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook