Саинц: Поблиску сме до Ред Бул отколку што мислев - Канал 5

Саинц: Поблиску сме до Ред Бул отколку што мислев

Првиот слободен тренинг за Големата награда на Јапонија се покажа како единствен за денот во петокот каде возачите имаа можност да возат на целосно сува патека и да симулираат и квалификациски кругови и подолги серии на турнеи.

Саинц: Поблиску сме до Ред Бул отколку што мислев

Макс Верстапен ја заврши сесијата на првото место, но разликата до Карлос Саинц, кој беше понапред од возачите на Ферари, беше нешто повеќе од 0,2 секунди.

Во втората сесија, поради дождот, само 7 возачи забележаа брзи кругови со летечки старт, а патеката така и не се исуши целосно.

-На првиот тренинг бевме поблиску до Ред Бул отколку што мислев. Ова е позитивен знак во однос на напредокот што го направивме во последните пет месеци. Сепак, во првиот тренинг не знаете кој вози со колку гориво и какви режими користи моторот, но минатата година разликата беше 0,8 секунди, а сега е 0,2, така што дефинитивно одиме во вистинската насока, изјави Саинц по сесијата.

Како и дождот на вториот слободен тренинг, возачите загубија време и на првата сесија, но поради несреќата на Логан Сарџент, чиј автомобил беше сериозно оштетен./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер