3ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
ФормулаСаинц: Остин ќе покаже дали Ферари има шанса за титулатаВикендов на патеката COTA ќе стане јасно дали Ферари има реални надежи за светската титула кај конструкторите во Формула 1.Ова е мислењето на пилотот на Скудерија, Карлос Саинц, кој ги прокоментира очекуваните перформанси на болидот по пакетот подобрувања. Последните промени на СФ-24 донесоа нестабилност во брзите свиоци и појава на отскокнување, што доведе тимот да се врати на својот под од Барселона, а потоа на „Хунгароринг“ и „Монца“ да користи надградени верзии на оваа варијанта. -Мислам дека со секоја следна трка по „Монца“, посигурни сме дека промените на нашиот болид ќе функционираат насекаде. Но, секогаш сум велел дека додека не стигнеме до Остин, каде што возиме на нормална патека, нема да можеме да го оцениме нашиот напредок во споредба со Зандворт и Спа, каде што имавме најголеми проблеми. За нас, најважниот тест сега е да видиме дали овие промени се чекор во вистинската насока. А во следните две трки ќе видиме дали ќе имаме шанси за титулата кај конструкторите, изјави Шпанецот. Саинц потоа објасни што точно мислел со оваа споредба на силите. -Ако во Остин, Мексико и Бразил, каде имаме постандардни патеки, почнеме да заостануваме и нашиот настап е како оној на Зандворт и Спа, јасно е дека нема да има на што да се надеваме. Да видиме како ќе бидеме во подолгите и побрзи кривини, додаде Саинц./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кацигиОд 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравствотоВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“. Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница. Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter