Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел - Канал 5

Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел

Црквата Саграда Фамилија во Барселона денеска ја достигна својата максимална висина од 172,5 метри, иако завршувањето на работите е предвидено за неколку години, соопшти денеска нејзината управа.

Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел

Кран денеска го постави горниот дел од крстот на врвот на „Кулата на Исус Христос“, централниот дел од Саграда Фамилија, со што таа сега е највисоката црква во светот.

Камен-темелникот на Саграда Фамилија беше поставен во 1882 година, а нејзиниот архитект Антони Гауди никогаш не очекуваше дека ќе биде завршен за време на неговиот живот.

Работите се забрзаа во последните неколку децении, бидејќи црквата стана главна туристичка атракција за луѓето ширум светот.

Внатрешноста на „Кулата на Исус Христос“ сè уште се обработува, а нејзината надворешност е опкружена со градежни кранови и скелиња, кои се очекува да бидат отстранети до јуни годинава, кога треба да се одбележи стогодишнината од смртта на Гауди.

- Гауди планирал крстот на црквата да има четири краци за да може неговиот облик да се препознава од која било насока. Оригиналниот план за изградба вклучува и зрак светлина што сјае од секој крак на крстот, симболизирајќи ја улогата на црквата како духовен светилник, изјави ректорот на Саграда Фамилија, Жозеп Турул.

Саграда Фамилија ја посетуваат милиони туристи секоја година, а парите од билетите главно се користат за финансирање на остатокот од изградбата. Таа стана највисоката црква во светот во октомври минатата година, кога се издигна над кулата од 161,53 метри на германската готска лутеранска црква Улмер Минстер во германскиот град Улм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер