Сагадин бара агресивна игра и поддршка од публиката - Канал 5

Сагадин бара агресивна игра и поддршка од публиката

Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром во рамките од второто коло на АБА лигата го пречекуваат Задар против кого ќе ја бркаат првата сезонска победа.

Сагадин бара агресивна игра и поддршка од публиката
Тренерот Змаго Сагадин истакнува дека со агресивна игра во текот на целиот натпревар, како и со помош на верните навивачи, неговиот тим може да ја оствари целта.

- Нашиот прв противник на домашен терен во оваа сезона доаѓа од градот на кошарката, Задар. Тие составија добар тим кој е спој на младост и искуството, кои со победата во првото коло на домашен терен против Игокеа имаа успешен старт. Наша цел е да го добиеме овој меч со агресивна одбрана, добар скок и дисциплиниран напад. Секако дека не смееме да им дозволиме на нивните шутери да се движат премногу и да влезат во шутерски ритам, како и тоа да не дозволиме нивните центри да не натскокаат. Го играме својот прв натпревар во новата и преубава сала „Јане Сандански“ и посакувам да имаме огромна подршка од нашите навивачи, изјави Сагадин.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Задар се игра вечерва од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Свое деби во составот на МЗТ Скопје најверјатно ќе има и Канаѓанецот Овен Класен кој ја санира повредата која ја доби пред пет дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер