Садење дрво и читање поезија во чест на Атвуд - Канал 5

Садење дрво и читање поезија во чест на Атвуд

Во чест на добитникот на „Златниот венец“ на 55. Струшки вечери на поезијата канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд денеска во паркот на Поезијата ќе биде засадено дрво.

Садење дрво и читање поезија во чест на Атвуд

Неизоставен дел е и читањето поезија во чест на лауреатот, а вечер во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи поетски портрет посветен на Атвуд.

На фестивалската програма се и „Ноќите без интерпункција“, односно поетски читања на отворена сцена во близина на излезот на рката Црн Дрим.

Атвуд е 51. добитник на „Златен венец“, а признанието ќе и биде врачено утре на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата. На оваа манифестација ќе бидат врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Иван Џепароски за книгата „Светлината на Света Гора“ и „Мостови на Струга“ на Руна Светликова што ја доделуваат СВП и за најдобра дебитантска книга.

Највисокото признание на фестивалот Струшки вечери на поезијата се состои од филигрански изработен лавров венец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламент

Руската антивоена партија „Јаблоко“  изненадувачки успеа да освои место во регионалниот парламент, и покрај тоа што во голема мера ѝ беше оневозможено учество на изборите низ земјата.

Руската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламент

Неочекуван успех на регионалните избори

Оваа либерална опозициска партија освои 6,38 отсто од гласовите во регионот Нижни Новгород на реката Волга и во понеделник за првпат доби место во регионалната Дума.

Резултатот привлече значително внимание низ Русија бидејќи на партијата ѝ беше забрането да истакнува кандидати во речиси целата земја по одлуката на Врховниот суд.

Реакција на партијата и поддршка за активистката против корупција

„Мир, слобода и живот без страв – тоа се вредностите што одекнаа во срцата и душите на луѓето“, соопшти регионалниот огранок на „Јаблоко“ во Нижни Новгород.

Партијата ѝ честиташе на својата регионална претседателка Ана Черепанова, позната противничка на војната и активистка против корупцијата.

Зошто Кремљ го ограничи учеството на партијата

Експертите сметаат дека партијата веројатно била исклучена од националните избори бидејќи Кремљ проценил дека таа навистина би можела да освои пратенички места.

Лидерот на „Јаблоко“, Николај Рибаков, ја позиционираше партијата како единствена сила што се залага за прекин на огнот во руската војна против Украина. Сите други партии ја поддржуваат инвазијата, која трае повеќе од четири и пол години.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

Македонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град.

На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија.

На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба.

Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион.

Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение.

Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

Вашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан.

Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија

Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-та

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер