МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
1МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
СветСАД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војницитеАмериканската војска соопшти дека започнала уште една рунда напади врз Иран за „понатамошно деградирање“ на неговите способности за напад врз бродови во Ормутскиот теснец.Нападите - 10-та последователна ноќ - доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ „во чест“ на тројцата американски војници убиени неодамна - двајца во Јордан и еден во Ирак. Како одговор на најновиот бран, Иран соопшти дека погодил два танкери за нафта во водниот пат, како и американски воени средства во Бахреин и Кувајт, објави државната новинска агенција ИРНА. Претседателот Масуд Пезешкијан рече дека Иран сега води „целосна војна“ со САД. Во исто време, Техеран соопшти дека дипломатските пораки сè уште се разменуваат меѓу двете страни преку посредници, и покрај пропаѓањето на прекинот на огнот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧакал касна жена во Романија; мештаните ја спасијаЧакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош. Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24. Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаМВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни раСоопштение МВР Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција. Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година. Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза. По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата. Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделцитеЛицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. РЕАКЦИЈА НА СДС Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море. Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини? Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook