САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина - Канал 5

САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина

 САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“.

САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина

Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното ослободување од царина за пратки во вредност до 800 долари. Тоа ослободување им овозможи на кинеските е-комерц компании експанзија на американскиот пазар.

Според Белата куќа, досега секојдневно во САД влегувале над четири милиони пратки што биле ослободени од царина. Со новата политика, пратките испратени преку приватни курири, како ФедЕкс и Ју-Пи-Ес, ќе бидат предмет на 145-процентна царина. За оние што се испраќаат преку поштенски услуги, ќе се применува 120-процентна царина, односно најмалку 100 долари, а од 1 јуни и 200 долари.

Вашингтон тврди дека одредени кинески компании го злоупотребувале повластениот режим за да испраќаат нелегални материи, како хемиски прекурзори за синтетички дроги, вклучувајќи фентанил.

Минатата недела Франција предложи слична мерка – т.н. такса за управување со мали пратки надвор од ЕУ, што би се применувала од 2026 до 2028 година, со можност за укинување на царинското ослободување за пратки до 150 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари.

Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.

ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер.

Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри.

Меѓу загинатите, наводно, има и деца.

Некои од патниците биле заробени во уништеното возило.

Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar.

Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“.

Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив.

Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер