Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
1Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
БалканСАД воведуваат царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од СрбијаПретседателот на САД Доналд Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл.Овие царини за Босна и Херцеговина и Србија, заедно со нови царински стапки за неколку други земји, треба да стапат во сила на 1 август. Новите стапки се пониски од претходно одложените реципрочни царини што Трамп ги објави во почетокот на април – 37 проценти за Србија и 35 проценти за Босна и Херцеговина, пренесува Радио Слободна Европа. Тој го одложи нивното стапување во сила за 90 дена. Мерката беше објавена преку писма од Трамп до лидерите на засегнатите земји, вклучувајќи го претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседавачката на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ. Писмата генерално се во стандарден формат, поради што Цвијановиќ првично добила писмо со обраќање „господин Претседател“, кое подоцна било исправено. Во писмата, Трамп ги повикува лидерите на овие земји да учествуваат во „извонредната економија на САД, која несомнено е прва во светот“. Трамп дополнително наведува дека американската администрација утврдила оти е неопходно да се „стави крај на долгорочните и упорни трговски дефицити предизвикани од царински, нецарински, политички и трговски бариери“ со кои се соочуваат земји како Босна и Херцеговина и Србија. „Доколку од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, без разлика на износот на зголемувањето, тој ќе биде додаден на овие 35 проценти што ви ги наметнавме“, се вели во писмото на Трамп до Вучиќ. Вчера, американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) објави нови царински стапки за повеќе земји: 25 проценти за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан; 30 проценти за Јужна Африка; 32 проценти за Индонезија; 35 проценти за Бангладеш; 36 проценти за Камбоџа и Тајланд; и 40 проценти за Лаос и Мјанмар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски растМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ . Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк. На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност. Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација. Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста. „Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност. За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите. Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија. Тагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедници на три собраниски комисииВо Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година е единствената преостанта точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички сиситем и односи меѓу заедниците, како и на Законодавно-правната комисија. Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, пак, ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на: вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Норвешка Дритон Кучи, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Бугарија Крум Ефремов, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска Мухарем Јусуфи и вонредниот и ополномоштен амбасадор во романија Габриел Атанасов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината. Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците. Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него. Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други. Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци. На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook