ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
1ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
БалканСАД воведоа санкции за Нафтената индустрија на СрбијаПо осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.„Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во јануари, САД објави воведување санкции врз една од виталните компании за економијата на Србија поради соработката со Русија, но тие беа одложувани до денеска. НИС е клучна компанија за снабдување на граѓаните на Србија со нафтени деривати, но и една од најважните за бруто општествениот производ и државниот буџет. „Во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се соодветно снабдувани со сите видови нафтени производи“, објави НИС откако стапија во сила американските санкции. Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел. Досега, српските власти решително ги отфрлаа сите идеи за воведување санкции врз Русија. Американските санкции против НИС се најстрогата казна за Србија за нејзината соработка со Русите досега. Kако резултат на санкциите, „банките ќе мора веднаш да ги запрат сите трансакции со НИС“ за да избегнат да се сметаат за соработка со санкционираниот субјект, објави Данас изјава на професорот по економија Горан Радосављевиќ дадена за АФП. „Што се однесува до големопродажбата, протокот на плаќања во динари е исто така обезбеден без пречки, а НИС останува сигурен партнер“, објасни НИС. „Во случај странските платежни картички (Mastercard, Visa) да престанат да функционираат, плаќањето на бензинските пумпи ќе биде можно со домашната картичка „Дина“, готовина, како и со методот „IPS покажи“. Според најновите достапни податоци, Газпром њефт поседува 45 проценти од НИС. Матичната компанија „Газпром“ неодамна префрли 11 проценти на компанија од Санкт Петербург наречена „Интелиџенс“. Државата Србија поседува речиси 30 проценти од „НИС“, а остатокот го поседуваат малцинските акционери. Српскиот претседател Александар Вучиќ за попладнево во 13 часот најави вонредно обраќање. Србија, исто така, останува зависна од рускиот гас, кој покрива повеќе од 90 проценти од нејзините потреби. Договорот за снабдување потпишан во пролетта 2022 година со Москва е пред истекување, а во моментов се преговара за нов договор.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на МуслиуСлучајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција? Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи. Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење. Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата. Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи. Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветСудијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во ВашингтонФедерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News). Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола. Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката. „Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“ Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат. „Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката. Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата. Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter