САД воведоа санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран - Канал 5

САД воведоа санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран

Санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран за кои се тврди дека ја поддржувале ракетната програма на Техеран.

САД воведоа санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран

САД воведоа санкции врз мрежа со седиште во Иран и Кина, која ја обвинуваат за снабдување на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран со компоненти потребни за производство на гориво за балистички ракети, во услови на напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Техеран.

Во соопштението од Министерството за финансии на САД се вели дека санкциите се воведуваат врз шест субјекти и шест поединци како дел од мерките преземени откако администрацијата на Трамп ги продолжи разговорите со Иран за неговата нуклеарна програма.

„Агресивниот развој на ракети и други вооружени капацитети од страна на Иран ја загрозува безбедноста на САД и нашите партнери“, изјави министерот за финансии Скот Бесант.

Санкциите се насочени кон пет компании со седиште во Кина, една компанија со седиште во Иран и шест лица кои живеат во Иран.

Министерството за финансии на САД ја обвини мрежата за олеснување на снабдувањето на Иран со натриум перхлорат и диоктил себакат од Кина.

Американските власти соопштија дека натриум перхлорат е потребен за производство на амониум перхлорат, кој, заедно со диоктил себакат, се користи во ракетните мотори на цврсто гориво. Таквото гориво, според Министерството за финансии на САД, обично се користи за балистички ракети. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Нов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана.

Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми.

Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија

Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.

Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија

Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки.

Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра.

ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата.

„Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ

Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат.

Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија.

Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во кавадаречко активен, се очекува до крајот на денот да биде изгаснат

Сè уште трае борбата со огнената стихија во Кавадаречко.

Пожарот во кавадаречко активен, се очекува до крајот на денот да биде изгаснат

Иако дел од пожарите се значително намалени, пожарот што изминатите денови гореше на потегот Раец-Дреново-Ќесендре е ставен под контрола,а надлежните очекуваат до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Дополнителен проблем претставуваат и двете нови жаришта кај Камен Дол и меѓу селата Цирково и Манастирец, каде што постои опасност огнот да прерасне во пожар од големи размери. Гори сувата вегетација, грмушки и дрва а високите температури и ветерот создаваат услови за брзо ширење на пламенот и појава на нови жаришта.

На терен се ангажирани пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумското стопанство.

Во гаснењето се вклучени сите расположливи ресурси на Општина Кавадарци, а значајна помош дава и локалното население.

Како превентивна мерка за заштита на жителите и на учесниците во интервенцијата, во селото Дреново се стационирани две амбулантни возила со лекар, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Од утрово имаме голема екипа на терен, уште од 5 часот наутро. Од територијалната противпожарна единица Неготино имаме четири пожарникари со едно возило. Имаме три „ер-трактори“ од ДЗС. Од ОВР Кавадарци имаме 10 полицајци со теренски возила кои им помагаат на нашите пожарникари. Имаме 12 пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кавадарци со пет противпожарни возила. Со ваква координирана акција целиот обрач на пожарот е опфатен и сите елементарни загрозувања се елиминираат“, изјави Јанчев.

Со порастот на дневните температури и засилениот ветер постои ризик од повторно активирање на жариштата, предупредува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Овој пожар е тежок за гаснење. Станува збор за комплексен пожар кој се одвива на тешко пристапен терен, обраснат со густи грмушки и трње, што го отежнува движењето на пешадијата. Зад нас има многу стрмни ридови. Гореше голема пожарна линија, па неговото гаснење мораше да се изведува на малку поспецифичен начин. Градоначалникот Јанчев покажа школски пример како треба да се гаси еден ваков пожар“, изјави Ангелов.

Надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до опожарените подрачја и да не ги блокираат пристапните патишта по кои се движат противпожарните и другите службени возила.

Секој нов пожар, појава на чад или сомнително однесување треба веднаш да се пријави на единствениот број за итни повици 112. До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најкритичните часови допрва следуваат. Со растот на дневните температури и засилувањето на ветерот се зголемува и опасноста од повторно активирање на недогаснатите жаришта, посочуваат надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер