САД во мај ќе прогласат крај на пандемијата на Ковид-19

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки .

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста.

Вонредната состојба и јавната здравствена криза во земјата поради пандемијата на коронавирус беше прогласена во 2020 година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во тоа време, но Бајден ја продолжуваше, што им овозможи на милиони Американци да добијат бесплатно тестирање, вакцини и лекови против Ковид-19.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа (ОМБ) соопшти дека вонредната состојба наскоро ќе истече, но ќе биде продолжена до 11 мај, а потоа ќе заврши.

Со укинувањето на вонредната здравствена криза, лековите и вакцините повеќе нема да бидат бесплатни. Белата куќа сака тоа да трае до 11 мај, за болниците, здравствените работници и здравствените работници да можат да се подготват за низата промени што ќе следат.

ОМБ во посебно соопштение објави дека Бајден ќе стави вето на предложениот нацрт-закон во Конгресот со кој би се укинале задолжителните вакцини за здравствените работници вработени во некои федерални владини програми.

Републиканците кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом бараат да не се чека мај за крајот на пандемијата и велат дека администрацијата на Бајден повеќе не може да се крие зад Ковид-19 за да троши милијарди долари од парите на даночните обврзници на нивната „немилосрдна и радикална агенда“.

Бројот на заразени луѓе во САД опаѓа, иако околу 500 луѓе умираат од Ковид-19 секој ден, според владини податоци.

Од почетокот на 2020 година до средината на 2022 година, Ковид-19 беше третата водечка причина за смрт во САД, но сега веќе не е ниту во првите пет „убијци“, соопштија федералните власти.

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

притисни ентер