3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
СветСАД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од КинаСАД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во екот на напорите за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот.Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД во средата потпишале договор со Кина, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор што ќе ја „отвори“ Индија. За време на разговорите во Женева во мај, Кина вети дека ќе ги отстрани нетарифните контрамерки наметнати на САД од 2 април, иако не беше јасно како ќе ги поништи некои од тие мерки. Имено, како дел од својата одмазда на новите американски царини, Кина го суспендираше извозот на широк спектар критични минерали и магнети, со што ги наруши синџирите на снабдување кои се клучни за автомобилската, полупроводничката, воздухопловната и воената индустрија. „Американската администрација и Кина се согласија за дополнителен рамковен договор за спроведување на Женевскиот договор“, изјави синоќа функционер на Белата куќа за британските медиуми, додавајќи дека договорот се однесува на тоа „како повторно да ги забрзаме испораките на ретки земни метали во САД“, рече тој. Друг функционер на администрацијата изјави дека договорот меѓу САД и Кина е постигнат претходно оваа недела. „Тие ќе ни испорачуваат ретки земни метали и кога ќе го сторат тоа, ние ќе ги укинеме нашите контрамерки“, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник за Блумберг. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.Тагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации. Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR. Ηλιούπολη: Αγωνία για την διευθύντρια του 2ου Γυμνασίου που έπαθε ανακοπή από πτώση κεραυνού – Νοσηλεύεται στη ΜΕΘ https://t.co/zX0zwA4AsD — enikos.gr (@enikos_gr) September 22, 2026 50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата. Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми. Тагови: гром директорка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветПо пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранетиТурскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага. 11 people injured in shooting near a school in Turkey In the city of Manisa, a 15-year-old student opened fire on his classmates with a hunting rifle. After the shooting, the teenager fled on foot but was soon detained. His parents and grandfather, who owned the weapon, were… pic.twitter.com/7PIJzLp2RU — NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2026 Тагови: Маниса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветСАД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со ДанскаДанска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише. Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска. Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook