3Мицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови
СветСАД тестираа нуклеарна ракета , досега забранета со договорот со Русија Американскаста војска тестираше конвенционална нуклеарна крстаречка ракета земја- воздух , која до сега беше забранета.Со договорот од 1987 меѓу САД и Русија , беше забрането поседувањето на ракети од краток и среден дострел, каква што е вчера тестираната на опстровот Сент Николас. Во Калифорнија беше лансирана ракета , која успешно ја погоди целта по 500 километри лет , соопшти Пентагон. Таквите ракети со дострел од 500 до 5 500 километри беа забранети , се до минатиот месец , кога САД и Русија се повлекоа од Договорот ИНФ за нуклеарно разоружување , постигнат во 1987 година меѓу Михаил Горбачов и Роналд Реган.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Мицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаСтевче Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затворот во ШуткаПоранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на Гром, Стевче Јакимовски за 20 дена треба да се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на затворската казна, соопштија од кривичниот суд.Ова следува откако Апелација му ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење поврзано општинската зграда. Во казната, како што појаснуваат од судот, му е пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 10 ти март до 15ти август 2019 година – што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. „Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.“- Кривичен суд. Јакимовски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се уште не го добил упатниот акт, но најави дека ќе бара одлагање на издржувањето на затворската казна бидејќи како што и претходно рече, ќе ја оспори пресудата, која ја нарече политичка и дека целта била да се оневозможи да се кандидира на повторните избори за градоначалник на Карпош. „Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена..... За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата....Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда...“ - Стевче Јакимовски – поранешен град. на О.Карпош (09.06.2026) Покрај потврдата на едногодишната затворска казна, Апелација уважи една од жалбите на Јакимовски, и тоа во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. Како што посочија пред два дена од судот во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. .Тагови: кривичен суд Скопје Стевче Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Мицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаОдговорите на англиски јазик на Сиљановска-Давкова и денеска во фокусот на бугарската јавностНе сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања.Не сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања, од кои дел беа тененциозни и провокативни. Освен за вметнувањето на Бугарите во Уставот, за што таа направи споредба со бугарскиот Устав кој не предвидува малцинства, Сиљановска беше прашана и за историски теми, меѓу кои и како гледа на тврдењата на одредени српски историчари и академици кои Македонија ја нарекувале „Јужна Србија“. Како одговор на тоа, македонската претседателка го цитираше бугарскиот Георги Господинов и побара од нив, да не бидат заглавени во минатото. Дополнително, Сиљановска повтори и дека промената на уставот на земјата, не зависи од неа, туку од парламентот и направи споредба со бугарскот устав каде нема малцинства. -Дали можете да ни кажете, дали сте загрижени дека српски историчари и академици ја нарекуваат Македонија, јужна Србија, јужна Бановина? / Не, не вие говорите за некакви фрустрации од историјата. Денеска го цитирав вашиот познат писател Господинов. Ве молам, живејте во сегашноста, и обидете се да ја предвидите историјата. ако живеете во историјата ќе останете заглавени,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија. Бугарските медиуми и замерија на Сиљановска и за тоа што побарала прашањата и одговорите да бидат дадени на англиски јазик, а потоа појасни дека тоа било со цел подобро да ги разбере и оцени дека немало соодветна атмосфера за одговори. -Се разбира, јас побарав на англиски ако може да ме прашаат, но мислев дека тоа ќе оди по некој ред, тоа беше бомбардирање со прашања, се разбира јас се обидов на некои да одговорам, меѓутоа немаше атмосфера,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија. Одговорите на англиски јазик на македонската претседателка и денеска беа во фокусот на бугарската јавност. Прашана за одлуката на македонската претседателка, шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова Чамова, случајно или не, јазикот го нарече бугарски, по што беше корегирана од присутните новинари. Осврнувајќи се на вчерашните средби, таа повтори дека уставните измени остануваат клучен услов за напредокот на земјава кон Европската Унија, додавајќи дека Софија е подготвена да обезбеди предвидливост на македонскиот евроинтегративен пат. -Не би сакала да објаснувам што е во главата на лидерите на Македонија. Но, за мене како министер за надворешни работи е важно да кажам дека од наша страна, ние сме ја покажале целата подготвеност да дадеме предвидливост и да дадеме јасни критериуми за тоа што се очекува да биде направено. Се надеваме дека од нивната страна да се премине кон исполнување отколку кон обиди за избегнување на одговорност. Во однос на желбата или немањето желба на госпоѓата Сиљановска да говори на бугарски јазик. / На македонски/ На македонски јазик. Јас лично не сум се сретнала со нејзе, во моите разговори со министерот за надворешни работи на Македонија, јас говорам на бугарски јазик и се разбираме одлично, - Велислава Петрова - Чамова. Бугарската министерка го повтори и ставот дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно и ја повика земјава да ги исполни преземените обврски.Тагови: Бугарија Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се новиБарањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови – во сила е она што било прифатено во 2022та година како дел од преговарачката рамка, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Меѓутоа, токму тоа што претходната власт го потпишала пред четири години ќе ја отвори Пандорината кутија на идни барања особено во контекст на работата на Историската комисија, каде има суштински разлики во идентитетските прашања меѓу Македонија и Бугарија, дециден е премиерот. -Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира, затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, затоа што бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија и да прифати се. Македонските граѓани мора да знаат – не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Не, тоа е само почеток, со тоа ја отвараме Пандорината кутија. Следи Акцискиот план, следи работата на Историската комисија, следи Протоколот 2 каде што работата на Историската комисија е само едно од барањата. Таму има можеби едно 15-тина нови барања кои што ние како држава ќе треба да ги исполниме,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Од Самитот во Софија претседателката Сиљановска Давкова потенцираше дека барањата од Бугарија не се ограничени на уставните измени туку и од протоколите што произлегуваат од работата на Историската комисија. Оттаму таа како и министерот за надворешни работи – Тимчо Муцунски повикаа на конструктивен дијалог како начин на надминување на разликите, додека пак, од Бугарска страна порачаа да се исполни тоа што било прифатено во преговарачката рамка. Сепак, она што вчера било дискутирано во Софија е сосема различно од билатералните средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот во Тиват минатата недела – посочи премиерот Мицкоски. Иако се уште не откри повеќе детали од средбите, после нив, тој како што рече, останува оптимистичен во контекст на придвижувањето на македонските евроинтеграции. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook