БалканСАД со остри критики за затворањето на филијалите на српската банка во северно КосовоСтејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар.Американскиот Стејт департмент изрази разочарување поради затворањето на шесте филијали на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово од страна на косовската полиција, истакнувајќи дека „оваа акција не беше координирана со меѓународните партнери“ и дека придонесува за зголемување на тензиите во областа. Портпарол на Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка што ја пренесуваат медиумите во Приштина, оцени дека вчерашната акција на косовската полиција „ја поткопува перцепцијата дека Косово дејствува со добра волја за решавање на споровите Србија преку дијалогот кој го олеснува Европската унија“. Портпаролот истакна дека „владата на САД постојано бара координација меѓу нашите влади“ за да се поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат, вклучително и неодамна „од заменичката државен секретар Елизабет Ален на нејзиниот состанок со премиерот (Албин) Курти на 19 мај“. Стејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар. „Ја повикуваме косовската Влада да се врати на конструктивните заложби во дијалогот посредуван од ЕУ како вистински пат за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите свои граѓани – вклучувајќи ги и потребите на српското малцинство – кои се негативно погодени од неодамнешните промени во регулативата за валутата“, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка. „Банка поштенска штедилница“ е институцијата која ги распределуваше плаќањата од Белград за граѓаните од српска националност во Косово. Косовската полиција изјави дека операцијата за затворање на филијалите на таа банка е изведена во соработка со Централната банка на Косово и Косовската даночна администрација, и дека целта била „воспоставување на ред и законитост“, нарекувајќи ја српската банка на северот од земјата нелегална. Полицијата соопшти дека се конфискувани „околу милион и 600 илјади евра, 74 милиони и 700 илјади динари, 19 илјади и 500 франци, 13 илјади и 800 американски долари, 40 австралиски долари, како и документација и други докази“. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечаља на социјалните мрежи напиша дека „владеењето на законот и редот, служењето на сите граѓани без никаква разлика и понатаму ќе биде наша цел за која континуирано се обврзуваме“. Шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ ја опиша акцијата како „уште еден насилен чин на укинување на српските институции на север и прогон на српскиот народ“. Тој рече дека „Албин Курти сака војна и страдање за српскиот народ, бидејќи сè што прави во последните месеци, го прави исклучиво за протерување на Србите од територијата на Косово“. Акцијата спроведена во понеделникот се случи речиси четири месеци по стапувањето во сила на регулативата на Централната банка на Косово според која еврото е единствената валута што може да се користи за готовински плаќања во Косово. Косово и Србија се договорија да разговараат во Брисел со посредство на Европската унија за изнаоѓање решение за прашањето за исплатите, но без исход и по седум средби. Дипломатите постојано ја повикуваа владата на Косово да ја повлече регулативата на Централната банка и да им даде време на погодените граѓани да се приспособат на новонастанатата ситуација. Ова прашање стана тема на несогласување меѓу владата во Приштина и западната дипломатија и негативно се одрази на квалитетот на партнерството со САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Шоу бизСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф. Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица. Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата. „Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф. Фото: ВИТагови: инцидент Сергеј Трифуновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“. Капацитет и технички спецификации Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено. Зелена енергија и глобална иницијатива Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање. Дэлхийн хамгийн том цогц хиймэл оюун ухааны тооцоолох хүчин чадлын байгууламж болох Улаанцав дахь “Envision Galaxy Campus” албан ёсоор ашиглалтад орсонд баяр хүргэе!⚙️ Тус төв нь 1 сая P хэмжээний тооцоолох хүчин чадалтай бөгөөд цахилгаан эрчим хүчээ шууд ногоон эрчим хүчээр… pic.twitter.com/Uu7V592qCO — Цао Ли 曹利 Cao Li (@ChnAmbMongolia) August 7, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСамо 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“. Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци. Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата. На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите. Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили. Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка. Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч. Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес. Извор: Б92Тагови: Lamborghini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook