САД: Руското влијание останува закана за Балканот - Канал 5

САД: Руското влијание останува закана за Балканот

Американските разузнавачки агенции предупредуваат дека Западен Балкан останува област на зголемени политички тензии и надворешни влијанија, со особено истакната улога на Русија во дестабилизација на регионот.

САД: Руското влијание останува закана за Балканот

Во извештајот „Годишна проценка на заканите 2026“,се наведува дека војната во Украина ги продлабочила поделбите меѓу Западот и Москва, што се одразува и на Балканот. Русија, како што се наведува, „поттикнува нестабилност меѓу Србија, која ја фаворизира, и Косово“, но исто така „го поддржува одвојувањето на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина“.

Исто така етничките и политичките поделби во регионот се уште се изразени и претставуваат потенцијален безбедносен ризик. Западниот Балкан е опишан во извештајот како област каде што се судираат интересите на големите сили, а постојните кризи и нерешените спорови, остануваат клучни извори на нестабилност,извештајот, исто така, предупредува на поширок спектар на закани во европа, вклучувајќи политичко влијание, дезинформации и обиди за поткопување на безбедносната архитектура, при што Балканот се смета за особено чувствителна област.

Иако капацитетите на главните терористички организации се ослабени, ризикот од напади со низок интензитет сè уште постои, вклучително и во Европа, се наведува во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Трајче е казнет затоа што не молчи.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место.

Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат.

Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас.

Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат.

Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме.

Другар Трајче, со тебе сме.

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нина Васев излегува од затворот во Скопје каде помина една година во притвор, одлучи Кривичниот суд.

Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор

Одлуката следува откако судот прифатил гаранција обезбедена преку хипотека на недвижен имот во вредност 183 илјади евра, а на второобвинетиот Нухи определена му е гаранција од скоро 350 илјади евра. Васев е дел од истрагата и судската постапка поврзана со случајот „Онкологија“. Тој е меѓу обвинетите во првиот предмет што се однесува на финансиското работење на Клиниката за онкологија. Заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи, се соочува со обвиненија за продолжени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата. Според обвинението, делата биле извршувани во периодот од 2018 до 2022 година. Обвинителството тврди дека при набавката на биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела биле набавувани лекови на реверс без соодветен правен основ. Во обвинението се наведува дека потоа, преку постапки за јавни набавки, биле покривани веќе преземените обврски кон добавувачите, кои фактурирале претходно испорачани лекови. Васев е обвинтет во случајот Онкологија 1 каде се терети за погрешно лекување заедно со уште двајца доктори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер