Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
2Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
СветСАД: Русија и Кина со клевети против американските вакциниРусија и Кина ги промовираат свои вакцини против коронавирусот преку обиди за клевета на слични американски лекови, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на констатациите на Стејт департментот.– Тоа не е само конкуренција на вакцините: ризикот и влијанието се дека овој вид дезинформации се сведува на претерување со несаканите ефекти на западните вакцини, изјави на брифинг портпаролката на претседателската администрација, Џен Псаки. Според неа, јавноста е доведена во заблуда со лажните тврдења дека иРНК вакцините не поминале тестови и се опасни. – Кина исто така тврди дека САД не дозволуваат други земји да купуваат вакцини, и покрај доказите за спротивното. Ширењето на тврдењата дека одобрените лекови се неефикасни и не помагаат е штетно, нагласи Псаки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦЛегалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар. На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради. Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате. Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните? Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот. Почитувани, Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар. Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви. Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст. Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Диана Ристовска Додевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
СветВо руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампањаРуски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter