САД размислуваат повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација - Канал 5

САД размислуваат повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Конгресменот Тим ​​Бурчет го праша Рубио дали има планови за прекласифицирање на талибанците како терористичка организација. Американскиот државен секретар одговори дека таков процес е во тек.

САД размислуваат повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Американскиот државен секретар Марко Рубио пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува дали одново да ги стави талибанците на листата на странски терористички организации.

Конгресменот Тим ​​Бурчет го праша Рубио дали има планови за прекласифицирање на талибанците како терористичка организација. Американскиот државен секретар одговори дека таков процес е во тек.

Минатиот месец, Врховниот суд на Русија ги отстрани талибанците од списокот на забранети терористички организации во земјата, а специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан изјави дека Москва ќе им помогне на талибанците во борбата против групата ИД во Авганистан./МИА

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон .

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон со кој учениците од верските училишта (јешива) би се изземале од задолжителна воена служба.

Шест од преостанатите седум членови на УТЈ (UTJ), која ги обединува фракциите Дегел ХаТора и Агудат Јисраел, поднесоа оставки, додека претседателот на партијата Јицак Голдквопф се повлече уште пред еден месец.

Со овој потег, Нетанјаху останува со минимално мнозинство од 61 претставник во Кнесетот (израелскиот Парламент), што брои 120 членови. Не е познато дали другата ултраортодоксна партија, Шас, ќе го следи нивниот пример.

Дегел ХаТор изјави дека одлуката е донесена по консултација со водечките рабини на партијата, поради, како што наведуваат, „повторените прекршувања на ветувањата на владата за зачувување на статусот на светите ученици на јешива, кои посветено учат“. Од тие причини пратениците го соопштија своето повлекување од коалицијата и од владата.

Ултраортодоксните партии тврдат дека законот за изземање на студентите јешива беше клучен услов за влез во коалицијата на Нетанјаху на крајот од 2022 година.

Портпаролот на Голднопф потврди дека сите седум претставници на УТЈ ја напуштаат владата.

Ултраортодоксните пратеници веќе долго време се закануваат дека ќе ја напуштат коалицијата поради контроверзноста околу законот за регрутирање.

Дел од религиозните партии во владејачката коалиција бараат учениците од верските училишта да продолжат да бидат ослободувани од задолжителна воена служба, додека некои други коалициски партнери се залагаат за укинување на сите ослободувања.

Ултраортодоксните Евреи со децении наназад се ослободени од воена служба, но Врховниот суд на Израел минатата година му наложи на Министерството за одбрана да ја запре таа практика и да почне да ги регрутира и тие ученици.

Во последните недели, Нетанјаху интензивно се обидува да ги надмине несогласувањата во рамките на коалицијата во врска со предлогот за нов закон за регрутирање, што доведе до сегашната криза.

Темата за ослободување на студентите Јешива од воената служба стана особено чувствителна со оглед на тоа што израелската армија сè уште е во војна во Газа.

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

 Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивен телефонски разговор за Би-Би-Си изјави дека е разочаран, но се уште не „завршил“ со Владимир Путин.

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

На прашањето дали му верува на рускиот претседател, Трамп одговори: „Не му верувам на речиси никого“.

До разговорот за британскиот јавен сервис дојде само неколку часа откако американскиот претседател ја објави најавената „важна вест“ за испорака на оружје во Украина и се закани со строги царини за Русија доколку не постигне договор за прекин на огнот во рок од 50 дена.

Во обемно интервју од Овалната соба, Трамп, исто така, ја изрази својата поддршка за НАТО, иако претходно Алијансата ја нарече застарена, и ја потврди својата посветеност на принципот на заедничка одбрана во нејзините рамки.

Разговорот, што траеше 20 минути, следеше по договорот за можно интервју на годишнината од обидот за атентат врз Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.

На прашањето дали преживувањето на атентатот го променило, Трамп одговори дека се обидува да размислува за тоа што е можно помалку.

-Не сакам да размислувам дали тоа ме променило мене, рече Трамп. „Размислувањето за тоа може да промени цел живот.“

По средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, Трамп поголемиот дел од разговорот го посвети на изразување на своето разочарување од Путин.

Тој рече дека во четири наврати верувал дека договор со Русија е на повидок.

На прашањето на Би-Би-Си дали целосно се откажал од Путин, Трамп рече: „Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но, разочаран сум.“

На прашањето како планира да го натера Путин да „го запре крвопролевањето“, Трамп рече: „Работиме на тоа, Гари.“

„Ќе имаме одличен разговор. Ќе кажам: Добро, мислам дека сме блиску до договор, а потоа тој ќе сруши зграда во Киев.“

Разговорот потоа се префрли на НАТО, сојузот што Трамп во минатото го нарече „застарен“.

Зпрашан дали сè уште мисли така, тој одговори: „Не. Мислам дека НАТО сега станува спротивно на тоа“, додавајќи дека членовите на Алијансата „ги плаќаат своите обврски“.

Тој, исто така, рече дека сè уште верува во колективната одбрана бидејќи им овозможува на помалите држави да се бранат од поголемите.

Прва заедничка обука на српската и кинеската армија во втората половина од месецов

 Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули.

Прва заедничка обука на српската и кинеската армија во втората половина од месецов

Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули, пренесоа српските медиуми повикувајчи се на изјава на Џијанг Бин, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.

„Тоа ќе биде првата заедничка обука на кинеската и српската армија. Ќе придонесе за зајакнување на борбените способности на учесниците и продлабочување на соработката меѓу двете армии“, рече тој.

Во 2020 година, Србија купи шест нови беспилотни летала CH-92A од Кина. Две години подоцна, го купи и противвоздушниот ракетен систем FK-3. з

притисни ентер