Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
3МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
СветСАД продолжуваат со воздушните напади врз ИранСоединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран. -Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио. Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец. -Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп. Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица. Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.Тагови: Доналд Трамп Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 13. октомври 2026 година.Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Сафет Бишевац и Љупчо Зиков во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Сафет Бишевац и Љупчо ЗиковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНе можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.Не постои волшебно стапче, но овие избори можат да бидат клучни, велат експертите од клиниката „Џонс Хопкинс“.Не можете да се ослободите од салото на стомакот правејќи стомачни вежби или консумирајќи некоја намирница. Со намалување на обемот на масното ткиво, обично се намалува обемот на струкот. Еве кои навики треба да ги усвоите за тој процес да биде одржлив и долгорочен, според стручните лица од клиниката „Џонс Хопкинс“. Промените почнуваат од секојдневните избори Наместо потполно да ги исфрлите јаглехидратите, поважно е да изберете поквалитетни. ДАјте им предност на намирниците богати со растителни влакна, а рафинираните јаглехидрати и производи со додаден шеќер јадете ги ретко. Не потпирајте се на строги и краткотрајни диети. Покорисно е да најдете начин на исхрана до кој ќе се придржувате со месеци и години. Внесете повеќе зеленчук на менито, мешунки, квалитетен извод на протеини и други минимално преработени намирници. Движењето исто така е важно. Редовна умерена до интензивна физичка активност може да придонесе во намалување на абдоменалната маснотија. Со аеробни вежби, како што се брзото одење, возење велосипед или пливање, како и вклучување на тренинг за сила, може да ја сочувате и да изградите мускулна маса. Напредокот не се мери само со килограми Навика што често ја пропуштаме е читањето декларации. Производите што делуваат „лесно“, или немасно, може да содржат доста шеќер, додека преливите, сосовите и мајонезите лесно го зголемуваат внесувањето калории. Затоа погледнете го составот пред да го купите производот. Ограничете ги преработените производи, особено грицките, слатките и засладените пијалаци. На крај, не дозволувајте вагата да биде единствено мерило за успехот. Ако истовремено губите масти, добивате мускулна маса, па килограмите не паѓаат лесно. Она на што треба да обрнете внимание е обемот на струкот и начинот на кој ви прилега облеката. Многу е полесно да истраете кога имате поддршка. Заедничка прошетка, тренинг или подготовка на поздрав оброк со партнерот, пријателите или семејството може новите навики да ги претвори во дел од секојдневната рутина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00