САД прифатија бели бегалци од Јужна Африка кои наводно биле расно дискриминирани - Канал 5

САД прифатија бели бегалци од Јужна Африка кои наводно биле расно дискриминирани

Група од 59 белци (африканери) од Јужна Африка пристигнаа синоќа на аеродромот Дулс во близина на Вашингтон со чартер лет финансиран од владата на САД, откако добија бегалски статус од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

САД прифатија бели бегалци од Јужна Африка кои наводно биле расно дискриминирани

Африканери се нарекуваат потомците на холандски доселеници кои живеат во Јужна Африка. Групата замина од Јоханесбург во неделата навечер и во Вашингтон тие беа пречекани од американски официјални лица. Тие ќе добијат храна и детски намирници, а Католичката епархија на Вирџинија ќе понуди помош при нивното сместување, дознава Ен-пи-ар.

Ова е прва група бегалци прифатена од администрацијата на Трамп.

Семејствата треба да заминат за своите крајни дестинации во Минесота, Невада, Ајдахо и други сојузни држави. Бегалците ќе имаат пристап до бенефиции и можност за американско државјанство и вработување. Многумина од нив се земјоделци.

Овој потег доаѓа по извршната уредба на Трамп од февруари во која се тврди дека белите африканери од Јужна Африка биле дискриминирани.

Трамп ја прекина помошта за оваа земја и повторно ги обвини тамошните власти за насилства врз белците фармери.

-Има убиства и тоа е геноцид, но вие не сакате да известувате за тоа, изјави синоќа тој од Белата куќа.

-САД испраќаат јасна порака, во согласност со надворешнополитичката агенда „Америка на прво место“, дека Америка ќе преземе чекори за заштита на жртвите од расна дискриминација. Ние стоиме зад овие бегалци додека ја градат подобрата иднина за себе и за своите деца во САД, изјави државниот секретар Марко Рубио.

Борците за човекови права го отфрлаат тврдењето на админстрацијата на Трамп дека Јужна Африка врши дискриминација врз овие лица. Од друга страна, во неколку земји од овој континент како Судан или Конго има воени конфликти и се вршат масовни убиства и други злосторства со илјадници раселени лица кои навистина имаат потреба од бегалски статус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Според УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Променливо облачно со сончеви периоди

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер