САД префрлаат борбени авиони на Блискиот Исток додека продолжува војната меѓу Израел и Иран - Канал 5

САД префрлаат борбени авиони на Блискиот Исток додека продолжува војната меѓу Израел и Иран

Американската војска распоредува дополнителен број борбени авиони на Блискиот Исток зајакнувајќи ги американските сили во регионот додека војната меѓу Израел и Иран продолжува да беснее, јавија американски медиуми цитирајќи американски функционери.

САД префрлаат борбени авиони на Блискиот Исток додека продолжува војната меѓу Израел и Иран

Еден од нив наведува дека распоредувањето вклучува борбени авиони Ф-16, Ф-22 и Ф-35.

Двајца од функционерите ја нагласија дефанзивната природа на распоредувањето борбени авиони што се користат за соборување беспилотни летала и ракети.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц. /МИА

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Суперсовремениот британски авион ловец Ф-35Б, кој заглави на цивилен аеродром во Индија пред речиси еден месец, предизвикувајќи потсмев на социјалните мрежи, можеби ќе одлета дома следната недела – или можеби не, изјавија индиски официјални лица.

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Ловецот со „стелт технологија“, еден од најнапредните во светот, кој чини 115 милиони долари, остана на Меѓународниот аеродром Тируванантапурам во јужната држава Керала поради дефект и веќе некое време го поправаат британски мајстори.

Овој авион на 14 јуни бил на редовна патрола над Арапското Море, но поради лошото време не можел да се врати на својот матичен носач на авиони „Принц од Велс“, па бил пренасочен кон Тируванантапурам. Но, потоа бил откриен дефект поради кој не можел никаде да полета.

Продолжениот престој во Индија на овој моќен авион, кој е гордост на угледната американска компанија „Локид Мартин“, предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Дури и Туристичката служба на градот Керала се придружи на шегите со слика на авионот опкружен со палми и оцена од пет ѕвездички, со текст во кој се вели: „Керала е толку добра што не сакам да си одам. Секако ви ја препорачувам!“

- Тоа е нашиот начин да покажеме дека ги цениме Британците и да им се заблагодариме бидејќи се најбројни посетители на Керала“, изјави шефот на градската Туристичка служба, К. Бижу.

На Х беше направена и карикатура на која авионот ужива со грицки со група локални жители, со живописна позадина.

Во Индија се шпекулира дека, доколку не успее поправката на авионот, тој би можел да биде демонтиран и така превезен дома, но Министерството за одбрана на Велика Британија го негираше тоа.

УЕФА одлучи: Кристал Палас ќе игра Конференциска лига

Европската фудбалска федерација кончено донесе одлука за настапот на премиерлигашот Кристал Палас во еврокуповите. 

УЕФА одлучи: Кристал Палас ќе игра Конференциска лига

Освојувачот на ФА купот нема да биде дел од Лига Европа на УЕФА. Причината е затоа што сопственикот на клубот е истовремено и сопственик на Олимпик Лион, кој е истотака учесник во ова натпреварување.

Според прописите на УЕФА не е дозволено во исто натпреварување да има два клуба кои имаат ист сопственик, па според тоа Кристал Палас мораше да биде префрлен во Конференциската лига на УЕФА.

Местото на Англија во Лигата Европа на Кристал Палас ќе го пополни Нотигнем Форест.

притисни ентер