3ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани
3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
ЗдравјеСАД потрошиле 290 милиони долари за набавка на антирадијациски лековиСАД потрошиле 290 милиони долари на лекови против радијација, откако рускиот претседател се закани со употреба на нуклеарно оружје во случај на безбедносна закана по Русија.Како што соопшти Американската здравствена агенција „ХСС“, Владата купила значителна залиха на лекот „Nplate“ што го стимулира производството тромбоцити во телото и го ублажува крварењето предизвикано од зрачење. Агенцијата ги отфрла забелешките дека лекот бил набавен поради руската инвазија врз Украина и тврди дека тоа е „дел од долгорочниот напор за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи.” Лекот е произведен од калифорниската фармацевтска компанија „Амген“ и може да се користи од деца и возрасни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСуарез со два гола го „расипа“ дебито на Левандовски за ЧикагоУругваецот, Луис Суарез го одбележа својот јубилеен, 100-ти настап за Интер Мајами со два гола и му го расипа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајар.Тимот од Флорида победи со 3:2, иако играше без Лионел Меси. Интер Мајами оствари важна победа во МЛС благодарение на одлично расположениот Луис Суарез, кој постигна два гола во триумфот над Чикаго Фајар (3:2). Лионел Меси не беше дел од тимот од Мајами бидејќи сè уште престојува во родниот Росарио, каде што одмора по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство против Шпанија. Уругвајскиот напаѓач го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на Интер Мајами и го одбележа јубилејот на најдобар можен начин. Прво, беше сигурен изведувач на пенали во првото полувреме, а потоа во остатокот од натпреварот уште еднаш ја затресе мрежата за водство на својот тим од 2:1. Сепак, Чикаго успеа да израмни и сериозно се закани со пресврт во неколку наврати. Победата за Интер Мајами ја донесе младиот Престон Пламбек, кој во 85-тата минута го постигна решавачкиот гол за конечни 3:2. Првиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр привлече големо внимание. Полскиот напаѓач, кој пристигна од Барселона ова лето по истекот на договорот, немаше забележителен настап и го напушти теренот околу 60-тата минута. Беше воочливо дека тој сè уште се прилагодува на специфичниот ритам на МЛС, кој се одликува со брза и отворена игра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затворЕве кога започнува судењето на поранешниот претседател на Венецуела.Екс претседателот на венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга повторно се појавуваат пред судот во Њујорк по обвиненија за трговија со дрога. Предложено е судењето на поранешниот претседател на Венецуела да започне во јуни 2027 година. Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави пред судот во Њујорк; ова ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари. Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се наоѓаат во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија дека не се виновни, пренесува „Еуроњуз“. Во судски поднесок доставен доцна во вторникот вечерта, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерстајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда. Доколку поротата ги прогласи за виновни за учество во организирање шверц на кокаин во САД, на Мадуро и Флорес им се заканува доживотен затвор. Обвинителите тврдат дека Мадуро се договарал со венецуелски полициски службеници за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во САД. Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, најави дека ќе ја оспори законитоста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“. Одбраната истакна дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред почетокот на судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале пуштање со кауција.Тагови: Венецуела Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
КултураХрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“.Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира - Уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубителите на класичната музика кои го проследија концертот во црквата „Света Софија“. Концертот долго ќе се памети заради врвната интерпретација на Моцартовиот гудачки квартет бр.15, но и на дела од словачките композитори Јан Левослав Бела, Иља Зељенка и Еуген Сухон. Привлечната и убаво селектирана програма се одржа во рамки на Словачката вечер на „Охридско лето“ која се организира со поддршка на Амбасадата на Словачка Република во земјава. Амбасадорката на Словачката Република во РС Македонија, Ивета Хрицова, која првпат ја следи фестивалската програма откако минатата година е назначена на нејзината функција, нагласи дека концертот на уметниците од Словачката Република не е само уметничко доживување, туку, како што кажа, и почеток на уште поблиска соработка помеѓу двете држави. -Фестивалот „Охридско лето“ е многу повеќе од една вечер за нас . Тој е жив тестамент за моќта на културата која ги дефинира луѓето, нациите и генерациите. Фестивалот е место каде што се среќаваат различни уметнички традиции, нагласи амбасадорката Хрицова. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар „Жилина“ (ШКО Жилина) е основан во 2024 година и оттогаш настапил на бројни концерти и значајни општествени настани, успешно претставувајќи висок уметнички квалитет и интересна драматургија, како во Словачка, така и во странство.Членовите на ансамблот настапуваат не само како камерен состав туку и одделно, како солисти со оркестарот во рамките на претплатничката сезона на ШКО Жилина.Концерт мајстор на ШКО Жилина е Роберт Копелман кој потекнува од Братислава од познато музичко семејство. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook