3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
1Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
СветСАД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина И Кина и Соединетите Американски Држави соопштија дека постигнале напредок на трговските преговори меѓу двете земји во Швајцарија.Американскиот секретар за финансии Скот Бесент ги опиша разговорите како „продуктивни и конструктивни“, додека кинескиот вицепремиер Хе Лифенг рече дека преговорите биле „темелни“ и „искрени“. Белата куќа го нарече „трговски договор“, но не даде дополнителни детали. Заедничка изјава со сите детали се очекува во текот на денов. Двете страни беа ангажирани во тајни преговори зад затворени врати целиот викенд, на првата средба откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини против Кина во јануари. Преговорите беа први директни средби меѓу двете земји откако претседателот Трамп воведе царина од 145% на кинескиот увоз, на што Пекинг одговори со царина од 125% на одредени американски производи. Високите царини предизвикаа турбуленции на финансиските пазари и разбудија стравувања од глобална рецесија. Акциите на берзите во континентална Кина и Хонг Конг бележеа раст денеска наутро. Шангајскиот композитен индекс беше повисок за околу 0,4%, додека Ханг Сенг порасна за речиси 0,7%. Американските берзански фјучерси се значително повисоки. Фјучерсите се договори за купување или продажба на основна актива на иден датум и се индикација за тоа како ќе се тргува на пазарите кога ќе се отворат. Кинеската валута, јуанот, исто така зајакна во однос на американскиот долар. Еден трговски експерт за програмата „Бизнис денес“ на Би-Би-Си изјави дека објавата може да вклучува намалувања на царините. Френк Лавин, поранешен заменик-секретар за меѓународна трговија во американското Министерство за трговија, рече дека очекува двете земји да ги намалат царините, иако тие би останале „многу над историските норми“. Но, Дебора Елмс, раководител на трговската политика во Фондацијата Хинрих, беше помалку оптимистична. Таканаречените реципрочни царини „може да бидат разгледани, но веројатно нема. Мислам дека главно очекувам договор за продолжување на разговорите“, рече таа во програмата „Њуздеј“ на Би-Би-Си. По завршувањето на дводневните преговори во Женева, американскиот трговски претставник, амбасадорот Џејмисон Грир, рече дека „договорот што го постигнавме со нашите кинески партнери“ ќе помогне да се намали американскиот трговски дефицит од 1,2 трилиони долари (901 милијарда фунти). Бесент посочи дека САД и Кина постигнале „значителен напредок“ во деескалацијата на трговската војна, додека вицепремиерот Хе изјави дека преговорите биле „од големо значење за двете земји, но исто така имаат важен ефект врз стабилноста и развојот на глобалната економија“. Вицепремиерот Хе истакна дека двете страни постигнале низа важни консензуси и се согласиле да воспостават механизам за економски и трговски консултации. Нгози Окоњо-Ивеала, генерален инспектор на Светската трговска организација, ги нарече преговорите „значаен чекор напред“. „Ги повикувам двете нации да продолжат да градат на овој моментум со развивање на практични решенија што ги ублажуваат тензиите, ја враќаат предвидливоста и ја зајакнуваат довербата во мултилатералниот трговски систем“, рече таа во изјавата. Во саботата, по првиот ден од преговорите, Трамп го пофали „целосното ресетирање“ на односите меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател ги опиша преговорите како „многу добри“ и рече дека промените биле „преговарани на пријателски, но конструктивен начин“. „Сакаме да видиме, за доброто на Кина и САД, отворање на Кина за американскиот бизнис. ГОЛЕМ НАПРЕДОК Е ПОСТИГНАТ!!!“ додаде Трамп. Ескалирачката трговска војна помеѓу Вашингтон и Пекинг доведе до тоа претседателот на САД да воведе царини од 145% на кинески увоз во САД. Кина возврати со давачки од 125% на одредени американски производи. Во петокот, пред почетокот на преговорите, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит рече дека Вашингтон нема еднострано да ги намали царините и дека Кина ќе треба да направи свои отстапки. Двете страни издадоа различни предупредувања пред средбата, при што Пекинг рече дека САД мора да ги олеснат царините, додека Бесент нагласи дека фокусот е на „деескалација“ и дека ова не е „голем трговски договор“. Кинеските државни медиуми објавија дека Пекинг решил да се ангажира со САД по целосно разгледување на глобалните очекувања, интересите на земјата и апелите од американските бизниси. Минатиот месец, Би-Би-Си откри дека кинеските извозници се борат со американските царини - една компанија, Сорбо Технолоџи, извести дека половина од нејзините производи кои вообичаено се продаваат во САД сега стојат во кутии во складиште во Кина. Меѓутоа, американската економија забележа намалување во првите три месеци од годината - со годишна стапка на контракција од 0,3% - додека компаниите брзаа да внесат стоки во земјата. Трговската војна меѓу Кина и САД се интензивираше минатиот месец откако претседателот Трамп објави универзална основна царина за целиот увоз во САД, на она што го нарече „Ден на ослободување“. Околу 60 трговски партнери, кои Белата куќа ги опиша како „најлоши прекршители“, беа подложени на повисоки стапки од другите. Листата ги вклучуваше Кина и Европската Унија. Трамп рече дека ова е одмазда за години на неправедни трговски политики за САД. Тој, исто така, одделно објави данок од 25% за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, како и дополнителна царина од 25% за сите автомобили и делови за автомобили. Минатата недела беше објавено дека САД и Обединетото Кралство постигнале договор, во кој царината од 25 отсто ќе биде намалена на 10 отсто за максимум 100.000 британски автомобили - што одговара на бројот на автомобили што Обединетото Кралство ги извезло минатата година. Автомобилите се најголемиот извоз на Обединетото Кралство во САД, во вредност од околу 9 милијарди фунти минатата година. Би-Би-Си - Лондон /МИАТагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПринцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедноБританскиот принц Хари, за првпат јавно се огласи по апсењето на таткото на неговата сопруга Меган Маркл, Томас Маркл . За време на посетата на Брисел – каде што тој и неговата сопруга присуствуваа на откривањето на спомен-обележјето „Изгубен екран“ (Lost Screen) во Европскиот парламент – тој се осврна на сè поактуелниот проблем со безбедноста на децата на интернет, истакнувајќи дека нивната заштита не би требало да зависи од земјата во која живеат. Со Меган (45) покрај себе, Хари (42) одржа емотивен говор во кој укажа на еден парадокс на современиот технолошки развој: додека технологијата напредува со неверојатна брзина, заштитата на најмладите останува голем предизвик. „Како стигнавме до точка каде што можеме да создадеме технологија способна за толку неверојатни работи, а сепак сè уште се мачиме да обезбедиме таа да биде безбедна за децата? Ретко бараме од технологијата да биде помалку амбициозна. Ни велат дека таа ќе го трансформира образованието, ќе лекува болести и ќе решава проблеми за кои некогаш сме мислеле дека се нерешливи. Зошто нашата амбиција би застанала тука?“ праша Хари. Тој нагласи дека не се залага за свет без технологија, туку за интернет каде што децата можат слободно да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите интереси, без страв од опасност. „Сите деца треба да можат да пристапат до интернет и да откријат нешто прекрасно – пријател, интерес што прераснува во страст или место каде што се чувствуваат разбрани. Тие заслужуваат да се чувствуваат безбедно, каде и да се наоѓаат“, изјави принцот. Тој особено нагласи дека заштитата на децата мора да биде заедничка одговорност на сите држави, предупредувајќи дека штетните содржини и практики не смеат едноставно да се префрлат во земји со помалку строги прописи. „Европа не може да стане безбедно засолниште за децата доколку штетните практики само се преместуваат во земји со пониско ниво на заштита. Мораме да соработуваме со државите ширум светот за да осигуриме дека напредокот овде нема да значи оти децата на други места остануваат изложени на истите ризици. Безбедноста на едно дете никогаш не смее да зависи од земјата во која тоа живее“, истакна Хари. Тој додаде дека е неопходно да се испита кој се спротивставува на мерките наменети за заштита на најмладите, кој ги финансира таквите активности и чии интереси се застапуваат. Неговиот говор имаше и силен емотивен крај. – Да ја прифатиме понудата на технологијата за изградба на свет што ги надминува нашите соништа, но да се согласиме дека во тој свет нашите деца, во најмала рака, би биле безбедни. И ниту едно семејство не би требало да изгуби дете, пред светот да одлучи да заштити барем едно – заклучи принцот. Иако првично беше планирано Меган да ѝ се обрати на публиката, тоа беше откажано еден ден пред настанот. Според британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), извор близок до двојката изјавил дека таа во моментов не е доволно емоционално силна за да зборува во јавност. Нивното појавување во Брисел се случи четири дена по апсењето на таткото на Меган, Томас Маркл Постариот (82), во Флорида. Според американското обвинителство, тој е обвинет по една точка поврзана со поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна од 20 години затвор. Томас Маркл Постариот не се изјасни за вината и беше пуштен на слобода врз основа на ветување дека ќе се појави на суд, по неговото појавување пред судот. Тој претходно негираше дека некогаш имал сексуални односи со малолетници или дека поседувал материјал за кој станува збор. Сè уште не е одреден датум за судењето – или, попрецизно, за следното појавување пред судот во Калифорнија.Тагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16