„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)
Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)
1„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)
2Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)
ЖивотСАД: Пензионерка си уплатила за тригодишно крстарење од 90.000 евраПензионерката Шерон Лејн од Калифорнија (САД) не размислувала долго откако нејзина пријателка ѝ предложила крстарење кое чини 90.000 евра и ќе трае три години.- Малку ја предизвикувам судбината, но знам дека ќе има место за мене овде кога ќе се вратам. Или можеби ќе останам и ќе живеам во друга земја. Не знам. Небото е граница!, изјави пензионирката. Лејн им препорачува и на другите луѓе да одат некаде и да уживаат во животот, исто како и таа самата. - Не бидете дома. Домот е местото каде што е срцето, но домот може да биде и таму каде што ќе ја ставите Вашата капа. Качете се на брод, авион или влезете во автомобил и одете некаде, рече таа. Сè почнало во ноември, а намерата на е да посети разни и различни места низ светот. Нејзиниот сон е да живее на брод, но голем проблем отсекогаш ѝ биле трошоците за таквиот начин на живот. Сепак, сега одлучила дека ги има потребните пари да патува низ целиот свет. Целото патување ќе ја чини 90.000 евра. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина.Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина, а неочекувано, ѕвездите по состанокот станаа албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега Барт де Вевер. Белгискиот премиер Барт де Вевер разговараше со новинарите по состанокот, кога Еди Рама му се приближи одзади и одеднаш го прегрна. Де Вевер не се сврте, туку веднаш ја коментираше ситуацијата. „Мора да е Албанецот. Тој секогаш се приближува одзади“, рече белгискиот премиер, предизвикувајќи смеа кај присутните. Albanian PM Edi Rama hugs Belgian PM Bart De Wever from behind. De Wever: That must be the Albanian guy. He always comes from behind. https://t.co/hSVU84NNEy — Clash Report (@clashreport) November 19, 2026 Според соопштението од германската влада, Коалицијата на волјата се согласи да продолжи со силната заедничка поддршка за Украина следната година, со цел да се зачува безбедноста на сите вклучени. Партнерите ја потврдија својата подготвеност да ѝ обезбедат на Украина безбедносни гаранции по прекинот на огнот, а особено ја нагласија важноста на воздушната одбрана и зимската помош за украинскиот енергетски систем. Изненадување на состанокот беше учеството на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а британскиот премиер Енди Бернам оцени дека нивното присуство претставува значаен чекор напред и ја приближува можноста за одржување вистински преговори. По состанокот, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека наскоро би можеле да започнат мировни преговори, во кои ќе учествуваат Украина, Русија, Европа и САД. Тој, исто така, предупреди дека „форматот од Јалта нема да донесе мир“, и ја наведе постојната линија на контакт како почетна точка за разговори за територијални прашања.Тагови: белгискиот премиер Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈа пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)Двегодишно девојче е пронајдено како талка во оддалечен дел од пустината во Аризона, речиси шест часа откако беше пријавено дека е исчезнато од семејниот дом.Вела Кампиљо исчезнала во вторник околу 18:30 часот по локално време од нејзиниот дом во близина на Силвер Бел Естејтс, во близина на градот Елој. Нејзините родители, Џозеф Кампиљо и Дајана Фриц, за FOX 10 изјавија дека девојчето залутало додека си играло со своите браќа и сестри додека друг член на семејството се грижел за неа, објави Дејли Меил. „Само што контактирав...“ Потрагата траела со часови, а веднаш по полноќ се случила пресвртница. Девојчето го пронашол Џеј Стјуарт, човек кој се пријавил доброволно да се придружи на потрагата откако слушнал што се случило. Стјуарт ја забележал Вела како талка во пустината во темница. Подоцна рекол дека ја повикал по име, а потоа го слушнал како вреска. „Се свртев и го насочив фенерчето кон грмушките, и таа едноставно се појави“, рекол Стјуарт. Додаде дека моментот му го променил животот засекогаш, според Дејли Меил. „Само ја испружив раката, ја зграпчив и ја прегрнав цврсто. Бев толку среќен што беше безбедна“, рече тој. Според канцеларијата на шерифот на округот Пинал, девојчето било пронајдено во пелена, со температура од околу седум степени Целзиусови. На снимката од полициската камера, која беше објавена, може да се види како Стјуарт го носи девојчето кај полицајците и го предава. Тој останува во близина додека полицајците проверуваат за повреди. „Неверојатно сме благодарни“ Во интервју за FOX 10, тој рече дека Вела не сакала да го пушти кога се обидел да ја предаде на органите за спроведување на законот. „Таа многу се приврза кон мене и бев изненаден. Никогаш порано не сум доживеал нешто вакво“, рече тој. За време на речиси шестчасовната потрага, канцеларијата на шерифот на округот Пинал распореди два хеликоптери, десетици возила, единици за кучиња трагачи и повеќе од 100 луѓе на земја. Мајката на девојчето им се заблагодари на сите вклучени, особено на човекот што ја пронајде нејзината ќерка. „Многу сме благодарни на човекот што ја пронајде и на сите други што дојдоа да помогнат во потрагата и да ѝ покажат колку им е грижа“, рече таа. За своите постапки, Џеј Стјуарт доби и посебно признание. Шерифот Рос Типел му врачи благодарница и значка со која беше прогласен за почесен член на единицата за пребарување и спасување.Тагови: Аризона девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале Францускиот претседател Емануел Макрон ја угости поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во Елисејската палата во Париз, соопшти кабинетот на францускиот претседател.Како што е наведено, средбата се одржала на приватен начин, како кратка средба од учтивост, на која присуствувал и сопругот на Камала Харис, а која Макрон повремено ја организира на барање на поранешни државни лидери, објавува бриселскиот портал Политико. Француските медиуми претходно објавија дека Макрон и Харис требало да вечераат заедно, што Елисејската палата првично го потврди, но подоцна објави дека ќе се одржи само приватна средба. Според бриселскиот медиум, средбата се одржала по убедливата победа на демократите на изборите за Конгресот во САД и во време на зголемени несогласувања меѓу Париз и Вашингтон во врска со мировните преговори за војната во Украина. Односот на Макрон со сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја победи Харис на претседателските избори во 2024 година, помина низ различни фази во последните години, а двајцата лидери неодамна разменија остри коментари во врска со немирите во Франција, додава порталот. Трамп и неговите сојузници ги поврзаа немирите со неконтролираната имиграција, што Макрон ја опиша како „глупост“. За разлика од неговиот однос со Трамп, односот на Макрон со Харис се смета за значително подобар. Според медиумските извештаи, Харис не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2028 година. 🔴🇫🇷🇺🇸 ALERTE INFO - Emmanuel Macron doit recevoir Kamala Harris à dîner à l’Élysée ce vendredi 20 novembre, en pleines tensions diplomatiques entre Paris et Washington. L'ancienne vice-présidente américaine est pressentie comme une possible candidate démocrate à la présidentielle de 2028. Cette invitation pourrait provoquer la colère de la Maison-Blanche, alors que les relations entre Emmanuel Macron et l'administration Trump sont déjà tendues. (Source : Intelligence Online) — Jon De Lorraine (@jon_delorraine) November 19, 2026 Макрон, од друга страна, ќе ја напушти претседателската функција во мај следната година, бидејќи францускиот Устав не му дозволува да служи трет последователен мандат.Тагови: Емануел Макрон Камала Харис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook