САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации - Канал 5

САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации

Соединетите Американски Држави денеска ги означиле криминалната група „Трен де Арагва“, картелот „Синалоа“ и другите нарко-картели за глобални терористички организации, се наведува во соопштение на Федералниот регистар.

САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации

Во соопштение на американскиот Стејт департмент стои дека овие групи претставуваат ризик за националната безбедност, надворешната политика и економските интереси на САД, пренесоа агенциите.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која ги повика официјалните лица да проценат дали некој криминален картел или транснационална банда треба да бидат означени како терористички групи. /МИА

Белингем ќе биде надвор од терените околу три месеци

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе биде подложен на операција на рамото по завршувањето на тековната сезона, објави „The Athletic“.

Белингем ќе биде надвор од терените околу три месеци

Дваесет и едногодишниот Англичанец доживува непријатност и игра со „фиксатор“ од 2023 година. Операцијата се очекува да биде извршена по завршувањето на Светското клупско првенство, кое ќе трае од 15 јуни до 13 јули.

Се очекува закрепнувањето на еден од најдобрите фудбалери на Реал да трае околу три месеци.

Белингем оваа сезона одигра 51 натпревар, постигна 14 гола и 14 асистенции.

Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми.

Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија

Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА.

Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покриви среде обилни дождови и силни ветрови, придружени со ниски температури.

Локалните власти соопштија дека околу 1.600 лица од итните служби биле распоредени за да помогнат во спасувачките напори.

Некои жители ја поминаа ноќта заглавени на покриви среде надојдените води. Една жена за каналот 9 Њуз изјави дека таа и нејзиното семејство биле заробени околу 12 часа, опкружени со брзо надојдени кафеави поплавни води.

Реката Менинг во регионот се искачи на рекордно ниво од над 6 метри, надминувајќи го претходниот максимум поставен во 1929 година, според 9 Њуз. Властите предупредија дека нивото на реката може да се зголеми уште повеќе доколку продолжат обилните дождови.

Повеќе од 80 училишта првично останаа затворени, а во регионот има и прекини на струја. Метеоролозите предвидуваат обилни дождови до петок. Бирото за метеорологија издаде предупредувања за „опасни по живот ненадејни поплави“ во неколку области.

Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз

Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето денеска поднесе оставка откако коментарите што ги даде дека добива бесплатен ориз предизвикаа негативни реакции, јави новинската агенција Кјодо.

Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз

Ето се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во земјата, јави агенцијата.

Според локалните медиуми Токио деблокира околу 300.000 тони складиран ориз меѓу март и април во обид да ја намали цената на јапонската основна храна.

Кјодо цитираше податоци од Министерството за земјоделство кои покажуваат дека вкупната количина на ориз обезбедена од главните дистрибутери во земјата до крајот на јануари била намалена за 230.000 тони во однос на претходната година, и покрај зголемувањето на жетвата на ориз.

Премиерот Шигеру Ишиба првично изјави дека нема да го отпушти Ето поради запаливите коментари, но подоцна попушти под зголемениот притисок од опозицијата.

притисни ентер