Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотСАД: Откриени превисоки нивоа тешки метали во чоколадни производи на повеќе компанииИстражувањето открива тешки метали во сите 28 анализирани темни чоколади. Но, во 23 од нив, меѓу кои и „Херши“, „Годива“, „Мондалез“ и „Линт“ - нивото на олово, кадмиум или двата метали може да биде штетно ако се консумираат 28 грама на ден.Американското списание „Консјумер рипортс“ (Consumer Reports) објави дека се откриени превисоки нивоа олово и кадмиум во чоколадни производи на повеќе компании и ги повика производителите да ја намалат количината тешки метали во своите кондиторски намирници. Истражувањето открива тешки метали во сите 28 анализирани темни чоколади. Но, во 23 од нив, меѓу кои и „Херши“, „Годива“, „Мондалез“ и „Линт“ - нивото на олово, кадмиум или двата метали може да биде штетно ако се консумираат 28 грама на ден. -Нашите истражувачи тестираа 48 чоколадни производи од повеќе компании - и темно и млечно чоколадо, какао во прав, чоколадни чипсови, мешавина за чоколадни колачиња, чоколадна торта и топло чоколадо. Сите 48 производи содржеа мерливи количини олово и кадмиум, а 16 содржеа потенцијално штетни нивоа на едниот, другиот или обата метала, се вели во извештајот. Потрошувачите поднесоа тужби против повеќе компании. „Само млечното чоколадо не содржи прекумерна количина метал, поради помалиот удел на цврсти материи од какао“, се наведува. Меѓу производите за кои е откриено дека содржат прекумерна количина метал се темното чоколадо и прашокот за топло чоколадо на „Волмарт“, какаото во прав „Херши“ и „Дросте“, чоколадниот чипс на „Таргет“, мешавините за топло чоколадо на „Трејдер Џо“, „Нестле“, „Старбакс“. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter