САД очекуваат мирни и фер избори во Србија - Канал 5

САД очекуваат мирни и фер избори во Србија

САД очекуваат мирни и фер избори во Србија и продолжување на нормализацијата на односите со Приштина.

САД очекуваат мирни и фер избори во Србија

САД очекуваат изборите во Србија да се спроведат во согласност со правилата, да поминат во мирна атмосфера и да бидат фер, а од новата влада во Белград да ги продолжи разговорите за нормализација на односите со Приштина и патот кон европската интеграција, рече помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан.

„ОБСЕ има голем број изборни мисии во Србија и внимателно ќе следи како се спроведуваат изборите“, рече О'Брајан одговарајќи на прашање на српскиот сервис Глас на Америка.

Зборувајќи за односите со Приштина изрази очекување од Белград „да се придржува до договорот што го направи за Косово“.

Тој посочи дека иднината на балканскиот регион е во единствениот европски пазар и членството во ЕУ.

Според него, за навистина да се приклучат на единствениот европски пазар, потребно е двете страни, како што наведе, „да ги решат разликите, да ги признаат границите и да се согласат да соработуваат“.

Зборувајќи за продолжувањето на преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, О'Брајан рече дека САД очекуваат намалување на тензиите на северот на Косово.

„Тоа е област каде што КФОР, силите на НАТО, се зајакнати. И европската мисија ЕУЛЕКС, исто така, е многу активна во последно време. Затоа, ниту една страна нема причина да предизвикува тензии таму, и таа област треба да остане мирна“, рече тој. .

Тој смета дека една од мерките за намалување на тензиите е враќањето на Србите во институциите во Приштина и дека тогаш „би било голема работа за двете страни да се погрижат да го продолжат патот на нормализацијата што беше договорен минатиот март во Охрид“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер