САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва - Канал 5

САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва

САД соопштија дека не биле вмешани во убиството на висок офицер на руската армија во операцијата за која одговорноста ја презеде Украина.

САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва

-Можам да ви кажам дека САД не беа однапред известени за тоа и не беа вклучени, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер за убиството на Игор Кирилов, началникот на дивизијата за хемиско оружје на руската армија.

Но, Милер укажа на претходните проценки на САД дека Кирилов - највисоката руска воена фигура убиена откако Москва ја нападна Украина - наредил употреба на агенти за контрола на немирите на бојното поле, прекршувајќи ја Конвенцијата за хемиско оружје.

-Тој беше генерал кој беше вклучен во голем број злосторства. Беше вклучен во употреба на хемиско оружје против украинската војска, рече Милер.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги обвини западните сојузници на Украина дека се „соучесници“ во атентатот во Москва.

Кирилов, кој беше началник на руските трупи за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, беше убиен пред станбена зграда заедно со неговиот помошник кога експлодираше бомба поставена во електричен скутер, соопшти рускиот Истражен комитет, кој истражува сериозни злосторства. Комитетот денеска соопшти дека е уапсен осомничениот, државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година, под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов. Осомничениот признал дека бил „регрутиран од украинските специјални сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. 

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција.

Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата.

„Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата

проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски.

Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството.

Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

На речиси еден саат по еден колабиран на улица.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

Од утрово до пладне Брза помош интервенирала за четири колапси, а исто толку имало и во вчерашната дневна смена. Лекарите од службата велат дека деновиве се повеќе граѓани се јавуваат на 194 барајќи совет како да си помогнат за да можат да „го изгураат денот“ поради вртоглавици, болки во пределот на слепоочниците и омалаксаност. Симптоми на метеоропатија чувствуваат и млади и здрави луѓе, вели Д-р Елена Пиловска која појаснува дека топлото и променливо време, особено пред невреме, знае да направи силни промени во општото здравје.

Метеоролошките улови не влијаат само на физичкото здравје, туку може да доведат до голем пад на концентрацијата, затоа во кога има високи температурни разлики и промени во атмосферскиот притисок се препорачува зголемена внимателност, особено зад воланот.

Освен да се пие голема количина на вода и да се внесува полесна храна, овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се користи секој слободен миг и да се замине на планина, во природа богата со кислород, односно да се вдише чист и незагаден воздух.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку

Иако во изминатите седум години бројот на ученици е намален за дури 17 илјади, а со тоа е променет и соодносот меѓу наставниците и учениците, министерката за образование и наука Весна Јаневска уверува дека нема да има отпуштања на наставен кадар.

Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку

На отчетот за сработеното во првите две години од мандатот, Јаневска оцени дека квалитетот на образованието е унапреден преку низа реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите и научната заедница. Како еден од позначајните процеси ги издвои токму оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава во повеќе од 200 училишта низ државата.

- На овој начин не само што се заштедуваат средства, тоа е помалку важно, туку децата повеќе се социјализираат, учат во подобри услови и постигнуваат подобри резултати. Свесна сум дека има реакции, но да повторам никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17.000 ученици помалку. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Откако обелодени дека само тројца ученици се запишале во земјоделската струка во средното училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола и поради тоа ќе мора да бидат прераспределени во друга паралелка, Јаневска посочи дека поради долгогодишниот недостиг на интерес било предложено оваа струка да се префрли во регионалниот центар, но по реакциите од училиштето и локалната заедница, предлогот не бил реализиран. Според министерката, потребен е поголем ангажман на наставниците во промоцијата на струката и информирањето на деветтоодделенците за можностите што ги нуди таа професија.

- Ние сме имале примери на училишта со многу низок рејтинг кои со тек на време, токму поради ангажманот на наставниците, станале реномирани училишта. Тоа го покажува искуството. Кога велам дека треба да покажат ангажман, јас не ги критикувам, јас само ги замолувам да направат нешто за да ги задржиме нашите деца на соодветните места. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Меѓу реализираните активности, Јаневска ги посочи и зголемените плати за наставниците, проширувањето на системот на стипендии, инвестициите во училишната инфраструктура и дигитализацијата на образовните услуги. Според неа, во изминатите две години биле вложени околу 70 милиони евра во образовни проекти, додека буџетот за високото образование и науката бил значително зголемен. Јаневска повтори и дека третa година по ред учебниците ќе бидат доставени до учениците на почетокот на учебната година, додека поддршката за инклузивното образование била зајакната со ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и 150 во средното образование.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер