САД најави официјален прекин на ковид кризата за в мај, Македонија го чека СЗО - Канал 5

САД најави официјален прекин на ковид кризата за в мај, Македонија го чека СЗО

Додека Америка го најави крајот на „ковид кризата“ за в мај, а Светската здравствена организација сè уште вирусот го класифицира како „глобална медицинска итност“, во Македонија епидемиолошката крива бележи постојан пад.

САД најави официјален прекин на ковид кризата за в мај, Македонија го чека СЗО

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во болница поради ковид лежат без малку четириесетина пациенти, а со стотина заразени од околу 2700 тестирани за една недела, или 3 % позитивни, сега корона мапата е речиси целосно побелена, со исклучок на Берово. Во извештајот се наведува и дека заразени има 20 % помалку споредено со претходната недела. За седум дена починале три лица, сите со претходни хронични болести на возраст од 58 до 89 годишна возраст.

Поради ваквата поволна статистика и тоа што и сојот „кракен“ беше потврден само кај еден пациент и не влеа загриженост, Комисијата за заштита од заразни болести неделава нема да се состане, а повод за дискусија може да биде евентуална појава на морбили или загрижувачка состојба со грипот, потврдуваат оттаму за Канал 5. Појаснуваат и дека Комисијата не може да прогласи крај на епидемијата кај нас, оти официјално пред неколку години нема прогласено ниту нејзин почеток, а пандемијата за завршена може да ја прогласи само СЗО.

Во меѓувреме, во САД крајот е на повидок, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека здравствената криза предизвикана од Ковид-19 ќе заврши на 11 мај, со што тестовите, лековите и вакцините ќе се наплаќаат. Сепак, дел од американските лекари, сметаат дека ваквите планови на политичарите се амбициозни.

-Заразните болести од страна на докторите се следат недела, по недела. Па, сега, односно, на крајот од јануари надлежните предвидуваат состојби со коронавирусот во мај. Тоа е мошне храбро. Да размислувме потрезвено за ова, бидејќи последен пат кога размислувавме во истата насока, пред година ипол, дојде делта сојот, па ги спречи таквите планови,-- Д-р Вилијам Шафнер - Професор по заразни болести на Универзитетот Вандербилт.

Пред околу три години Светската здравствена организација прогласи светска пандемија, а последната оптимистичка изјава оттаму „дека се гледа светлото на крајот од тунелот наречен ковид“ стигна во септември лани. Оттогаш нема нова најава за пандемискиот крај, а според статистиката во светот починаа над шест ипол милиони луѓе, од кои околу 9.600 во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. 

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите.

Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение.

Избор на фустан за обиколка на бутикот

За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи.

Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер