3Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
СветСАД може да се повлечат од решавањето на војната во Украина, вели синот на ТрампАмериканскиот претседател, Доналд Трамп, би можел да се повлече од решавањето на војната во Украина, изјавил неговиот најстар син, Доналд Трамп Помладиот, на конференција на Блискиот Исток.Во долгиот говор против продолжувањето на борбите во Украина, Доналд Трамп помладиот, исто така, рече дека „корумпираните богати луѓе од Украина избегале од земјата, оставајќи го она што го сметале за селска класа да се бори во војната“. Трамп помладиот нема официјална улога во администрацијата на Доналд Трамп, но е клучна фигура во движењето MAGA. Неговиот настап ја одразува антипатијата на некои членови на тимот на Трамп кон украинската влада и доаѓа во време кога преговарачкиот тим на Трамп врши притисок врз Киев да отстапи територија.Тагови: САД Доналд Трамп Помладиот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНапнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствувањеЈужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“. Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна. „Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации. Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите. Извор: Б92Тагови: Јужна Кореја Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалНа улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одиграПретстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни. Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот. Touchdown in Paris. 🇫🇷 https://t.co/oKL7evXSdR — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 19, 2026 „Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот. ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време. Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ТехнологијаНова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате„Фејсбук“ воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко на вашата почетна страница.Новата функција, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од „Мета“. Корисниците можат да ги опишат своите интереси и преференции користејќи природен јазик, а овие промени се одразуваат врз препорачаната содржина во реално време. Истовремено, „Мета“ го ажурираше менито што се појавува при кликнување на трите точки до некоја објава, со што на корисниците им се олеснува прилагодувањето на нивните преференции. Од таму, тие можат да пристапат до функцијата „Вашиот алгоритам“ или да означат дали им се допаѓа одредена содржина. Платформата може да постави и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што сака да гледа поретко. Воведувањето на оваа нова функција е дел од пошироките напори на „Мета“ да им овозможи на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува, наведоа од компанијата со седиште во Менло Парк. Извор: Б92Тагови: Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook