Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
1Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
СветСАД лансираа нуклеарен проектил од Калифорнија, која погоди цел на 6.750 километри оддалеченостВоздухопловните сили на САД лансираа ракета GT 254 способна да носи нуклеарна бомба од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.Американската војска спроведе тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) Minuteman III, соопшти прес-службата на воздухопловната база Ванденберг. Невооружената ракета Minuteman III беше лансирана на 5 ноември 2025 година од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија. Тестот имаше за цел да ја потврди сигурноста, борбената готовност и точноста на ICBM системот, кој останува клучен елемент на националната одбрана на Соединетите Американски Држави. Проектилот патуваше околу 4.200 милји (приближно 6.750 километри) пред да стигне до тест-полигонот за ракетна одбрана „Роналд Реган“ на атолот Кваџалеин во Маршалските Острови. Експерти од Командата за вселенска и ракетна одбрана на американската армија собраа клучни податоци користејќи радар, оптички сензори и телеметриски системи за да ги анализираат карактеристиките на летот. Вреди да се напомене дека Minuteman III е американска интерконтинентална балистичка ракета која е во употреба од почетокот на 1970-тите и е еден од столбовите на американската нуклеарна тријада. Ракетата може да носи нуклеарни боеви глави на растојание од повеќе од 12.000 километри и да погодува цели со голема прецизност. И покрај својата старост, Minuteman III продолжува да се модернизира, со подобрувања во системите за контрола, водење и безбедност. САД ги продолжуваат нуклеарните тестови Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ѝ наредил на војската да ги продолжи нуклеарните тестови. Според американскиот лидер, тој ја донел оваа одлука затоа што други земји веќе спроведуваат вакви тестови. Потегот дојде откако рускиот претседател Владимир Путин се пофали со „најновото“ руско оружје. Тој особено зборуваше за успешното тестирање на ракетата Буревестник, за која тврдеше дека е опремена со нуклеарен мотор, наведувајќи дека во светот нема оружје слично на него. Лидерот на Кремљ, исто така, рече дека Русија успешно го тестирала подводното беспилотно летало Посејдон на нуклеарен погон, пренесува РБК-Украина.Тагови: Калифорнија проектил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter