САД ќе врати на Ирак над 17 илјади древни артефакти

Десетици илјади антиквитети исчезнаа од Ирак по американската инвазија во 2003 година, која го собори диктаторот Садам Хусеин.

СAД ќе вратат повеќе од 17.000 древни артефакти, ограбени и прошверцувани од Ирак по американската инвазија во 2003 година, вклучувајќи глинена плоча стара 3.500 години, со дел од Епот за Гилгамеш, соопштија денеска ирачките министерства за култура и надворешни работи.

Десетици илјади антиквитети исчезнаа од Ирак по американската инвазија во 2003 година, која го собори диктаторот Садам Хусеин.

Бројни артефакти исто така беа уништени или прошверцувани од терористичка Исламска држава, која контролираше една третина од Ирак помеѓу 2014 и 2017 година, пред да биде поразена од ирачката војска со помош на сојузниците.

Американските власти кои работат на враќање на артефактите неодамна постигнаа договор со Багдад за враќање на предметите одземени од трговци и музеи во САД, соопштија ирачкото Министерство за култура и Стејт департментот.

– Американската влада заплени некои артефакти и ги испрати во (ирачката) амбасада. Значајната плоча со Епот за Гилгамеш ќе биде вратена во Ирак следниот месец, откако ќе завршат правните постапки, изјави министерот за култура Хасан Надим.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер