САД ќе повлечат стотици војници од Сирија - Канал 5

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

- Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неофицијални детали за случајот со тепаните момчиња

МВР детално ќе го расчисти случајот во кој две момчиња биле претепани од полициски службеници на почетокот на неделата.

Неофицијални детали за случајот со тепаните момчиња

Како што пишуваат дел од порталите повикувајќи се на полициски извори, случајот немал меѓуетничка компонента имајќи предвид дека и полицискиот службеник кој постапувал но и момчињата кои пријавиле насилство биле етнички Албанци.

Според истите информации, истрагата досега покажала дека полицаецот, кој наводно бил вработен во Крим полиција најверојатно ги пречекорил своите полициски овластувања, па според се уште неофицијалните информации, се очекува МВР против него да изрече соодветни санкции.

Случајот го отвори партијата дуи која во писмено соопштение побара одговорност. МВР и официјално потврди дека внатрешната контрола работи на овој случај и дека по завршувањето на истрагата ќе има соодветна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски најава дека скопското кале по децении запуштеност ќе биде конечно уредено

Ќе добие ли скопското Кале лик каков што заслужува како една од најпознатите туристички дестинации во главниот град? 

Мицкоски најава дека скопското кале по децении запуштеност ќе биде конечно уредено

За следната година се очекува и официјално да се отворат вратите на двата музеи кои сега се во завршна градежна фаза- Музејот на праисторија и Музејот на османлиското наследство. Надлежните уверуваат дека се тече според планот и овие музејски поставки ќе бидат дел од понудата на градот од иницијативата Скопје- Европска престолнина на културата.

„ Археолошки музеј ќе стопанисува со двата објекта, ќе го решат ентериерниот дел и предметите за коишто споменав дека буквално беа оставени во субстандардни услови. Ќе бидат изложени да можат да ја раскажат приказната што со години се случувало на археолошкиот локалитет Кале. “-Весела Честоева – директорка на Управа за заштита на културно наследство.

„ Со одлука на Влада, Националниот археолошки музеј ги доби предметите коишто се прибавени при археолошките истражувања на скопската тврдина Кале и моментално работи на она што значи концепт и што ќе биде презентирано во Музејот на османслиското наследство и Музејот на праисторијата. “-Магдалена Манаскова – директорка на Археолошки музеј.

Според најавите, калето во иднина ќе се средува и од хортикултурен аспект, за достоинствено да се прикажат знаменитостите на Скопје пред домашните и странските туристи кои доаѓаат и во организирани тури. Оваа тврдина е од средниот век, а истражувањата покажале дека остатоците укажуваат на населување и обновување во различни периоди уште од праисторијата. Во минатото имала стратешка одбранбена улога, а денес претставува културно наследство на главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царинските службеници, во заедничка акција со полицијата, спречија обид за шверц на седум млади змии и еден егзотичен гуштер, сокриени во автомобил управуван од косовски државјанин.

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Според информациите на царинска управа, станува збор за заштитени видови на змии, кои лицето се обидело да ги сокрие под седиште.

-Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Царинската управа известува дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес. - Царинска управа.

Од Царинската управа информираат дека влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена соодветна постапка. Од институцијата потсетуваат и дека за внесување и трговија со заштитени видови дива флора и фауна, се потребни соодветни дозволи, согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер