САД испраќаат носач на авиони на Блискиот Исток, се очекува жестоката одмазда на Иран - Канал 5

САД испраќаат носач на авиони на Блискиот Исток, се очекува жестоката одмазда на Иран

Соединетите Американски Држави испраќаат носач на авиони, борбена ескадрила и дополнителни воени бродови на Блискиот Исток во очекување на иранската одмазда за атентатот на лидерот на Хамас претходно оваа недела во Техеран.

САД испраќаат носач на авиони на Блискиот Исток, се очекува жестоката одмазда на Иран

Како што јави Си-Ен-Ен, ова се најголемите маневри на американските сили во тој регион од првите денови на војната во Газа, кога Пентагон испрати две борбени групи носачи на авиони на Блискиот Исток. Тоа беше очигледно предупредување до регионалните милитантни групи под покровителство на Иран да не ги шират борбите.

„Го слушнавме иранскиот врховен лидер јасно и гласно, тој рече дека има намера да се одмазди за убиството на лидерот на Хамас во Техеран, односно дека сака да изврши уште еден напад врз Израел“, изјави Џон Кирби, шеф на Совет за национална безбедност во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. „Не можеме само да претпоставуваме дека и ние потенцијално ќе бидеме жртви на таков вид на напад, затоа мораме да се погрижиме да ги имаме соодветните ресурси и воени капацитети во регионот.“

Вчера, секретарот за одбрана на Бајден, Лојд Остин, наредил борбената група на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн да ја замени ударната група УСС Теодор Рузвелт, која моментално оперира во Оманскиот залив, објави Пентагон.

Заедно со носачот на авиони, на Блискиот Исток и Медитеранот ќе бидат испратени и американски разурнувачи и крстосувачи способни за одбрана од балистички ракети. Во соопштението не се наведува кои воени бродови биле испратени, но два американски разурнувачи во источниот Медитеран учествувале во пресретнувањето на нападите што Иран ги започна против Израел во април.

Остин, исто така, нареди распоредување на ескадрила борбени авиони во регионот, соопшти Пентагон. САД веќе го имаат амфибискиот брод USS Wasp во регионот, кој оперира со поморски експедициски сили, способни да ги евакуираат американските граѓани во Либан доколку им се нареди.

„Глобалната одбрана на Соединетите Држави е динамична и Министерството за одбрана ја одржува способноста да се распореди на краток рок за да одговори на заканите за националната безбедност кои се развиваат“, се вели во соопштението на Пентагон.

Иран вети дека ќе го нападне Израел поради атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран. Израел не го коментираше убиството.

Американските власти рекоа дека очекуваниот ирански напад би можел да се случи во наредните денови, а САД внимателно ја следат ситуацијата во регионот за какви било индикации за тоа како и кога точно може да започне.

Официјални лица изјавија дека нападот може да биде извршен со балистички ракети и беспилотни летала. Иран започна таков напад против Израел во април. Но, новиот напад би можел да биде поголем и покомплексен, координиран со проиранските милитанти во регионот, јавува Си-Ен-Ен.

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах навести дека координиран напад врз Израел би можел да биде на близок откако Израел убил еден од главните команданти на групата поддржана од Иран во Бејрут помалку од 24 часа пред убиството на Ханија.

„Откако почнаа да се тепаат со сите, не знаат од каде ќе дојде одговорот...одговорот ќе дојде одделно или координирано“, рече тој во завчерашниот говор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер