ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?
2ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
1Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
СветСАД испраќаат дополнителни 5.000 војници и воени бродови на Блискиот Исток САД планираат да испратат дополнителни маринци и воени бродови на Блискиот Исток, изјавија тројца американски функционери за NBC News. NBC News објави дека ќе бидат распоредени околу 2.500 дополнителни маринци и 2.500 морнари. Морнарите доаѓаат од амфибиската група Триполи, која се состои од бродовите USS San Diego, USS Tripoli и USS New Orleans. Овие бродови неодамна дејствуваа во Филипинското Море, но сега се упатуваат кон запад. Централната команда на САД побара дополнителни сили бидејќи „дел од планот за оваа војна беше да има маринци на располагање за да обезбедат дополнителни оперативни опции“, рече еден американски функционер. Сè уште не е јасно за која точно задача ќе се користи единицата или каде ќе биде распоредена. Ваквите единици се особено важни бидејќи се обучени за одговор на кризи, евакуација од опасни подрачја, заштита на амбасади и слични задачи. Војниците се исто така обучени да бидат првите што ќе влезат на теренот со цел да ја обезбедат областа за пристигнување на други сили, како што се единиците за специјални операции, кои потоа ја извршуваат мисијата.Тагови: бродовите војници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаАкциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езероПронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор. Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба - Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство. Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро.Тагови: Охридско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВеликанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалотАргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.Меси постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-Би-Си“. Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното светско првенство. Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД.Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата. Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење. Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција. На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава. Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција. Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер. Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД? Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе. Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter