САД, Индонезија и нивните сојузници започнаа воени вежби - Канал 5

САД, Индонезија и нивните сојузници започнаа воени вежби

САД и Индонезија денеска започнаа заеднички воени вежби, обединувајќи 13 сојузнички земји, а вежбите ќе траат повеќе од една недела.

САД, Индонезија и нивните сојузници започнаа воени вежби

Вежбите, познати како „Супер Гаруда Штит“, се одржуваат секоја година и ќе се одржуваат помеѓу главниот град Џакарта, островот Суматра и архипелагот Риау до 4 септември. Наведената цел е да се обезбеди стабилност во Азиско-пацифичкиот регион.

Учествуваат повеќе од 4.100 индонезиски војници и 1.300 американски војници, со поддршка од сојузничките сили, вклучувајќи ги Франција, Австралија, Јапонија и Велика Британија.

-Ова е најголемиот „Супер Гаруда штит“ што некогаш е одржан, изјави началникот на американската Индо-пацифичка команда, Семјуел Папаро, додавајќи дека вежбите ќе им овозможат на земјите учеснички да го подобрат своето одвраќање.

„Тоа претставува одвраќање за секој што би се обидел да ја промени ситуацијата на терен преку насилство, благодарение на колективната решителност на сите учесници да ги бранат принципите на суверенитет“, рече Папаро за време на церемонијата на отворање.

Вашингтон потврди дека вежбата не е насочена кон Пекинг, и покрај растечката загриженост изразена од САД и некои од нивните сојузници за присуството на Кина во Пацификот.

„Супер Гаруда штит“ вклучува вежби за кибер безбедност и боева муниција, соопшти индонезиската војска.

Индонезија води неутрална надворешна политика и има тенденција да одржува добри односи со Вашингтон и Пекинг, што е деликатна дипломатска улога во соперништвото меѓу двете суперсили. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат.

„Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал.

„Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Се асфалтира на вкупна површина од 5300 метри квадратни!

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер