САД и Израел ги повлекуваат преговарачите од Доха: Хамас не сака прекин на огнот во Газа - Канал 5

САД и Израел ги повлекуваат преговарачите од Доха: Хамас не сака прекин на огнот во Газа

Американскиот претставник Стив Виткоф објави дека администрацијата на Трамп одлучила да го повлече својот преговарачки тим за мир во Газа од Доха на консултации, откако слична одлука беше објавена од канцеларијата на израелскиот премиер.

САД и Израел ги повлекуваат преговарачите од Доха: Хамас не сака прекин на огнот во Газа

„Одлучивме да го вратиме нашиот тим од Доха на консултации, по последниот одговор на Хамас кој јасно покажува дека нема волја да постигне прекин на огнот во Газа“, напиша Виткоф на платформата X.

„Сега разгледуваме алтернативни опции за враќање на заложниците дома“, додаде тој.

Реакција на Нетанјаху на случувањата

Откако неговата канцеларија објави повлекување на преговарачите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Хамас не треба да ја толкува подготвеноста на Израел за преговори за прекин на огнот како „слабост“.

„Работиме на постигнување нов договор за ослободување на нашите заложници. Но, ако Хамас ја гледа нашата намера да го сториме тоа како слабост и можност да ни наметне услови за предавање што би ја загрозиле државата Израел, сериозно греши“, рече тој од Ерусалим.

Одговор на Хамас на предлогот за примирје

Хамас денес објави дека одговорил на предлогот со кој се повикува на ограничено 60-дневно примирје во Газа.

Одговорот на Хамас вклучува олеснување на влезот на хуманитарна помош во Газа, мапи на областите од кои треба да се повлече израелската армија и гаранции за траен прекин на непријателствата, изјави за АФП палестински извор.

Израел потврди дека го добиле одговорот на Хамас, а набргу потоа објави дека ги повикал своите преговарачи од Доха за да се консултираат за одговорот на Хамас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

„Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

На 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица.

Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер