На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)
1На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)
3Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
СветСАД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во ПакистанСоединетите Американски Држави и Иран не постигнаа мировен договор по преговорите кои траеја околу 21 час во Пакистан, соопшти американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.Според него, американската делегација ги напушта разговорите поради суштински несогласувања, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон, вклучително и откажувањето од производство на нуклеарно оружје. - Лошата вест е што не постигнавме договор и мислам дека тоа е многу полоша вест за Иран отколку за Соединетите Американски Држави - изјави Венс. - Се враќаме во САД без договор. Кажавме многу јасно кои се нашите црвени линии. Тој додаде дека во текот на преговорите разговарал шест пати со претседателот Доналд Трамп. Прекумерните барања од страна на САД го спречија постигнувањето на заедничка рамка и договор, соопшти полуофицијалната иранска информативна агенција Тасним. Според иранските медиуми, преговорите во Пакистан завршиле без договор. Средбите во Исламабад беа први директни меѓу САД и Иран по повеќе од една деценија и највисоко ниво на контакти по Исламската револуција во 1979 година. Исходот од нив се смета за клучен за иднината на кревкото двонеделно примирје и за евентуалното отворање на Ормуската Теснина – рута преку која минуваат околу 20 отсто од светските енергетски залихи и која Иран ја блокираше по почетокот на конфликтот. Војната доведе до нагло поскапување на нафтата и илјадници жртви. Иранската влада, претходно, соопшти во објава на „Икс“ дека разговорите се завршени, а технички експерти од двете страни ќе разменуваат документи. „Преговорите ќе продолжат и покрај некои преостанати разлики“, се наведува во соопштението, без да се прецизира кога ќе бидат обновени. Според извор од посредникот Пакистан, Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер одржале двочасовна средба со претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Иранската делегација пристигна во петокот облечена во црно во знак на жалост за покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи и загинатите во војната. Податоците на иранската влада велат дека учесниците носеле обувки и торби на ученици загинати при американски воздушен напад врз училиште во близина на воен објект. Пентагон соопшти дека нападот се истражува, а според медиумски информации, воени истражители сметаат дека САД веројатно сносат одговорност. Пакистански извор изјави дека во текот на разговорите имало „промени во расположението“, при што тензијата се зголемувала и опаѓала во различни моменти. Поради преговорите, Исламабад беше под засилени мерки за безбедност со илјадници војници на улиците. Ормуската Теснина е во центарот на спорот Паралелно со преговорите, американската војска соопшти дека „подготвува услови“ за почеток на операции за разминирање на Ормуската Теснина. Според САД, два американски воени брода поминале низ теснината, додека иранските државни медиуми го демантираа тоа. Пред почетокот на разговорите, висок ирански извор тврдеше дека САД се согласиле да ги ослободат замрзнатите ирански средства во Катар, но американски претставник го демантираше тоа. Агенциите Тасним и Фарс јавија дека токму спорот за теснината го спречил напредокот, при што иранската делегација инсистирала на „зачувување на воените постигнувања“. Кои се основните барања на САД и Иран Клучен спорен момент е контролата врз Ормуската Теснина. Иран инсистира на контрола и воведување транзитни такси, додека САД бараат слободна и безбедна пловидба без такси. Вашингтон, исто така, бара Иран да предаде над 400 килограми високо збогатен уран, да ја прекине нуклеарната програма и да прифати ограничувања за балистичките ракети. Техеран, пак, бара ослободување на замрзнатите средства, исплата на репарации за воените штети, укинување на сите санкции, гаранции за ненапаѓање и повлекување на американските сили од Блискиот Исток. Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНа Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер. Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина. Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис. Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот. Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам. Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова. Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“ Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа. Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК. На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес. Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми. Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.Тагови: Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар. Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта. „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова. Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот. „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20