СветСАД и Иран договорија двонеделно примирје - се отвори Ормускиот теснецПостигнато двонеделно примирје на Блискиот Исток. По часови исчекување, непосредно пред истекот на последниот ултиматум до Иран, Доналд Трамп го објави тоа што светот го чекаше 40 дена. Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател прогласи двенеделен прекин на огнот, период до кога треба да се постигне конечен мировен договор. Иран за возврат прифати да го отвори Ормускиот теснец. Се согласувам да го прекинам бомбардирањето и нападот врз Иран во период од две недели. Од Иран го примивме предлогот во 10 точки, како добра основа за преговорите. , напиша Трамп на социјалните мрежи доцна синоќа. Додека денеска потпретседателот Венс се обидуваше да ја стиши глобалната еуфорија. Од Будимпешта тој оцени дека се работи за кршливо примирје, кое може повторно да се разгори, ако Техеран не биде конструктивен соговорник. -Денеска Иранците се согласија да го отворат теснецот, САД се согласија да не напаѓаат. Како што ми кажа претседателот синоќа, Иранците се подобри преговарачи отколку борци. Ни рече да седнеме на преговарачка маса, но ако Иранците не го сторат тоа, ќе откријат дека претседателот на САД не е некој со кого можат да се шегуваат. Тој е нетрпелив да постигне напредок. , изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД Веста за постигнатото примирје молскавично се прелеа на улиците на Иран. Илјадници луѓе ја славеа како што порачаа победата над непријателот. -Играта се промени. Сега САД сфатија дека Иран е суперсила. Ако договореното не се почитува, ќе се бориме. , жителка на Техеран. -САД се хартиен тигар, разоткриен пред целиот свет. Сите сфатија дека тврдењата на Америка се празни. , изјави жител на Техеран. -Непријателот во својата неправедна, незаконска и криминална војна против иранската нацијата претпре несомнен, историски и разурнувачки пораз. Иран постигна голема победа и ги принуди криминалната Америка да го прифати планот од 10 точки на Иран. , Иранска државна телевизија Планот на Иран од 10 точки, кој треба да биде основа во преговорите, според главниот посредник Пакистан, ќе се најде на маса веќе в петок. Иако официјално не е познат, иранските медиуми побрзаа да ја објават содржината, од која добар дел изгледаат тешко остварливи за американската страна. -Продолжена иранска контрола врз Ормускиот теснец во координација со иранските вооружени сили; -Повлекување на американската војска од Блискиот Исток; -Укинување на сите примарни и секундарни санкции врз Иран; -Целосна компензација за штетите што ги претрпел Иран за време на војната; -Прифаќање на иранската програма за збогатување ураниум. Попладнево, Трамп експресно демантираше дека ураниумот воопшто е на преговарачка маса додека фокусот на светските лидери е како час поскоро да се обезбеди траен проток долж Ормускиот теснец, кој е под контрола на Иран. -15 земји денеска се мобилизирани и партиципираат во планот, предводен од Франција, да спроведат строго дефанзивна мисија во (Ормускиот теснец) во координација со Иран. Штом се исполнат условите да се олесни циркулацијата. , изјави Емануел Макрон. Цената на нафтата се намали за околу 15 проценти, што е најголем еднодневен пад во последните шест години и сега изнесува 94 долари за барел. Останува нејасно дали двонеделното примирје официјално го вклучува и Либан, откако Израел порача дека ги продолжува нападите врз цели на Хезболах.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter