Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
СветСАД и ЕУ избегнаа трговска војна со царини од 15 отстоМислам дека е најголемиот договор некогаш постигнат. Благодарам многу.Царини од 15 проценти за европските производи и набавка на американски енергенси и воена опрема во вредност од стотици милијарди долари – ова е дел од историскиот трговски договор кој САД и ЕУ го постигнаа по неколку месечни тешки преговори. Во рамки на договореното Унијата нема да воведе дополнителни царини за американски стоки, а САД ќе ги задржи царините од 50 проценти за челик и алуминиум. Сепак, на заедничка прес-конференија и американскиот претседател Трамп и шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, изразија задоволство од постигнатиот договор кој оценија дека ќе донесе стабилност и предвидливост во односите преку Атлантикот. -Постигнавме договор. Верувам дека ова е добар договор за сите. ЕУ ќе се согласи да купи од САД енергија во вредност од 750 милијарди долари. Тие ќе се согласат да инвестираат во САД 600 милијарди долари повеќе од тоа што го инвестираат до сега. Тие ќе се согласат да ги отворат нивните земји за трговија без царини. Тоа е голем фактор, да ги отворат нивните земји, сите земји ќе бидат отворени за трговија со САД без царини и се согласуваат да купат огромна количина на воено оружје,- - Доналд Трамп – Претседател на САД. -Ова е голем договор, ова е огромен договор. Ќе донесе стабилност, предвидливост, тоа е многу важно за нашите бизниси преку Атлантикот. Тоа се 15 проценти царини за се вклучено. Почетната точка (во преговорите) беше дека има нерамнотежа вишок од наша страна и дефицит на страната на САД и ние сакавме да ја балансираме трговската врска и сакавме да го направиме тоа на начин за трговијата да продолжи меѓу нас преку Атлантикот,- - Урсула Фон дер Лајен. Од импликациите на трговскиот договор засегната е и Македонија, особено компаниите од земјава кои преку Унијата извезуваат производи во САД. Премиерот Мицкоски го поздрави успешното завршување на преговорите и најави дека до крајот на неделава ќе биде познато и колкава ќе биде царината за извозот на македонските производи во САД. -Бидејќи.... Ако ЕУ е задоволна од договорот, и ние сме задоволни / Очекуваме во рамките на оваа недела да биде целиот процес завршен, од тоа до сега како се одвиваат преговорите, а веќе имаше три рунди на преговори, последните беа во петокот, ги водат претставници од многу институции со претставници на многу институции во рамки на администрацијата на претседателот Трамп, тоа што можам да го кажам е дека сме најнапред од европските земји и очекувам убави вести за македонските граѓани, за македонските извозници во САД. - Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Исходот од договореното наиде на бура од реакции во Европа. Германија и Италија го поздравија како обид да се спречи трговска војна со САД. Унгарскиот премиер Виктор Орбан пак, го оцени како фијаско на Унијата, а францускиот премиер Бајру како кат на потчинетост и тажен ден за Европа. Со коментар се огласија и од официјален Кремљ од каде порачаа дека договорот според нив е анти руски и понижувачки за европјаните. Тагови: Доналд Трамп Урсула фон дер Лајен Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook