„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
2„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
СветСАД и Еквадор бомбардираа камп на колумбиска криминална банда (ВИДЕО)Еквадор и САД спроведоа заедничка воена операција насочена кон уништување на трговијата со дрога во јужноамериканската земја, објавија властите на двете земји.Американците ја нарекоа акцијата „смртоносна кинетичка операција“, додека Еквадорците објавија дека станува збор за „тотално истребување“. Under the leadership of President Trump and Secretary Hegseth, the Department is uniting partners across the Western Hemisphere to detect, disrupt, and destroy designated terrorist organizations that fuel violence and corruption. We commend President Noboa, the Government of… pic.twitter.com/vlhSB4BGKO — Sean Parnell (@SeanParnellASW) March 6, 2026 Тек на операцијата Во операцијата беа користени хеликоптери, авиони, речни чамци и беспилотни летала за да се лоцира и бомбардира камп за трговија со дрога во североисточен Еквадор, во близина на границата со Колумбија. Today, we launched a historic effort at @SOUTHCOM — the first ever America’s Counter-Cartel Coalition (A3C). Military leaders from across the Caribbean, Central America, and South America joining together to aggressively and urgently confront threats to our homeland and… pic.twitter.com/g9027fx0Vd — Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) March 6, 2026 Цел на операцијата Кампот ѝ припаѓал на колумбиската криминална група „Командоси де ла Фронтера“ (CDF), која е составена од дисиденти од организацијата ФАРК. Не беше објавено дали имало смртни случаи или заробеници во операцијата.Тагови: еквадор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на ЈанушевУште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски.Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Е сега, суштината е во тоа што во анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема јавно достапни податоци дека Јанушев пријавил поврзаност со компанија во Бугарија. Токму затоа овој случај бара итна институционална реакција. ДКСК, Јавното обвинителство и сите надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, да ги проверат сите факти и да утврдат дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто? Јавноста заслужува одговор на едноставното прашање. Но, овој скандал открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани кои тераат бизниси преку бугарски компании. Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во УмагПо успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при. По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината. Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз. Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар. Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Тагови: Анна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook