САД го признаваат Едмундо Гонзалес за победник на изборите во Венецуела

САД денеска го признаа опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес, главниот противник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за победник на претседателските избори, притоа отфрлајќи ја изјавата за победа на Мадуро.

-Со оглед на убедливите докази, САД, а што е уште поважно, на народот на Венецуела, им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите одржани на 28 јули, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавија британските медиуми.

Изборната комисија го прогласи Мадуро за победник со 51 отсто освоени гласови, додека опозицијата наведува дека врз основа на преброените 90 отсто од гласовите нејзиниот кандидат добил двојно повеќе.

Спорните избори предизвикаа бран протести низ целата земја.

Блинкен во својата официјална изјава не навести нови санкции против Венецуела, но, сепак кажа дека било предложено да има можни „казнени акции“.

-Ние целосно го поддржуваме процесот на повторно воспоставување на демократските норми во Венецуела и подготвени сме да разгледаме начини за нивно зајакнување заедно со нашите партнери, рече шефот на американската дипломатија.

Блинкен повика и на заштита на лидерите на опозицијата, како и на фактот дека безбедносните сили не треба да бидат инструмент за политичко насилство врз граѓаните кои ги бараат своите демократски права.

Претседателите на Бразил, Мексико и Колумбија ја повикаа Венецуела да ги објави деталните изборни резултати.

Почна собраниската расправа за предлог - буџетот за 2025 година

Собранието денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Согласно деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска и додека власта тврди дека буџетот е развоен, од опозицијата се пожалија дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен..

Врховен суд: Неопходно е приоритетно да се постапува по извештаите на Стејт департментот

Врховниот суд на Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно

е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба.

Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, соопштуваат од Врховен суд.

Владата потпиша договор со „ДМ Бау интернешнал“, инвестиција вредна 7 милиони евра

Најмалку седум милиони евра и 200 нови работни места, предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ БАУ АГ“ за која денеска во владата договор потпишаа премиерот Мицкоски и менаџерскиот тим на компанијата.

Инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово, а вклучува вложување во купување земјиште, целосна изградба на погони и нивно опремување со машини за производство на модуларни објекти со различна намена.

притисни ентер